• Latest

Отворено писмо до граѓаните во РСМ од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз

April 15, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Отворено писмо до граѓаните во РСМ од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз

April 15, 2020 16:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз со отворено писмо се обрати до макеоднските граѓани.

„Овде во Европа, во САД и насекаде во светот, се соочуваме со фундаментални предизвици по животот, таков каков што го знаевме.  Данокот што го зема КОВИД-19, во однос на човечките животи и нашето секојдневие – образованието, работата, општеството, меѓучовечките односи – беше скоро незамислив пред само шест месеци.  Луѓето на нашите две земји, а и во сите други држави погодени од ова премрежие, се обединети во жалоста по починатите, грижата за заболените и очекувањата со претпазлива надеж дека ќе се вратиме на нормалниот секојдневен живот. 

Трогната сум од изјавите на сочуство што ми беа пренесени овде за жртвите во мојата земја.  Во нашите мисли сме заедно со сите во Северна Македонија кои што ги изгубиле саканите и праќаме желби за брзо опоравување на заболените од овој вирус.  Сакам уште еднаш да одадам признание за работата на Владата и за начинот на кој се справува со кризата.  Ова е нова ситуација за сите нас.  Се наоѓаме на непозната територија.  Само доколку работиме заедно – надминувајќи ги државните граници, партиските определби и другите разлики, со соработка помеѓу приватниот, невладиниот и јавниот сектор – можеме да се надеваме дека успешно ќе го прекинеме ширењето на овој вирус и ќе најдеме вакцина. 

Без разлика на предизвиците што ни ги донесоа изминатите денови, јас постојано гледам знаци на надеж и добрина.  Ме охрабруваат секојдневните изрази на емпатија насекаде околу нас: на соседот кој им помага на постарите; на итните служби и на здравствените работници кои со сочуство се грижат за заболените; на продавачите; на возачите на камиони, на аптекарите и на многу други, кои продолжуваат да работат  за нашите животи да продолжат колку што е можно понормално во овие неизвесни времиња;  и многу други примери на хуманост. 

Ограничувањата во секојденвниот живот мене ми дадоа можност да научам нови работи, нови начини на комуникација и поврзување во време на социјално дистанцирање.  Ни недостасува можноста  да се среќаваме очи во очи.  Наместо тоа, тимот во Амбасадата учи да работи од далечина, употребувајќи видео-конференциски врски за состаноци, со цел да ги задржиме нашите контакти и да продолжиме да создаваме нови.  Ова не беа лесни промени за било кој од нас, но сите ја разбираме потребата за заедничка пожртвуваност за да ги заштитиме најранливите и да ја „израмниме кривата“.

Заедно со други пријатели и сојузници, САД го даваат својот придонес за да им помогнат на властите овде да ја менаџираат оваа криза без преседан.  Минатата недела имав задоволство да најавам  грантови во вредност од 1,1 милион долари за Свеската здравствена организација и за УНИЦЕФ, за борба против КОВИД-19 во Северна Македонија.  Овие фондови ќе се искористат да им се помогне на државните лаборатории за масовно тестирање, за обука и опремување на тимови за брза интервенција за истражување на позитивните случаи и за спроведување на анкети за следење на контактите, за помош за спроведување на скрининг на граничните премини, и за јакнење на комуникацијата со маргинализираните заедници кои би биле најранливи во случај на масовно ширење на заразата. 

Помошта не доаѓа само од нашата влада.  Американските невладини организации, приватните фондации и универзитетите се некои од најдарежливите помагачи во светот, а оваа криза не е исклучок.  На пример, Универзитетот Браун и Проектот ХОПЕ неодамна завршија со онлајн обука против КОВИД-19 за 40 лекари и медицински персонал од цела Северна Македонија.  Овие  медицински лица го пренесуваат тоа што го научиле и обучуваат други низ целата земја, помагајќи да се прошири знаењето и вештините на здравствените работници кои се на првите линии на справувањето со болеста. 

Приватниот сектор,  исто така е вклучен во справувањето со предизвикот.  Компании од целата земја даваат придонес да се помогне на оние кои се на првите линии на соочувањето со пандемијата.  Многу донираа парични средства или заштитна опрема и производи, направија промени во производствените линии или пак ги замрзнаа цените.  Некои, како Гугл или Епл, се согласија да го забрзаат процесот на вклучување на корона апликациите помеѓу апликациите кои тие ги нудат.  Други компании, како КФЦ, се фокусираа на оддржување на здравјето на службите за итна помош, на лекарите и медицинскиот персонал, донирајќи здрава храна и оброци. 

За среќа, нашиот ангажман не е ништо ново; истиот е граден повеќе од две децении прекy американски инвестиции и поддршка за здравствените системи и системите за управување со кризи во Северна Македонија. За ова време, обезбедивме над 11 милиони американски долари за здравствениот сектор, дел од вкупната помош од над 730 милиони американски долари. Овде спаѓа и финансиската помош за реновирањето на националната лабораторија, која сега ги обработува повеќето тестови за КОВИД-19.

Откако оваа закана ќе биде надмината, ќе има многу работа што ќе треба да се направи, а Соединетите Држави ќе останат постојан партнер и откако оваа закана ќе заврши. Мојот тим и јас веќе размислуваме за она што ќе следи и како да помагаме за работите да се вратат во нормала. Среде оваа криза, вашата земја официјално се приклучи кон НАТО и доби покана да ги започне преговорите за членство во Европската Унија, две достигнувања за кои работевте со децении. Уверена сум дека од ова искуство ќе излеземе посилни, нашето партнерство ќе биде сѐ подлабоко, и заедно ќе можеме да градиме нови можности за да помогнеме да ги реализирате вашите аспирации за силна, динамична и отпорна иднина“, пишува Брнз.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ