• Latest

Ангеловска-Бежоска: Не се очекува пораст на стапката на инфлација

April 20, 2020

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

May 15, 2025
Фото: скриншот од видео на The Guardian

Израелските воздушни напади убија 40 лица во Газа, додека блокадата за помош продолжува

May 15, 2025

Каде е Путин?

May 15, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

СТРАВ ОД СООЧУВАЊЕ: Путин не е на листата на учесници во мировните преговори во Истанбул

May 15, 2025

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Не се очекува пораст на стапката на инфлација

April 20, 2020 11:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не се очекува пораст на стапката на инфлација, очекувањата за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Притоа, таа нагласува дека во првите три месеци од оваа година, исто како и минатата, стапката на инфлација е релативно ниска и стабилна и просечната стапка на инфлација, заклучно со март изнесува 0,6 проценти што е под проекцијата.

– Пандемијата негативно се одрази врз глобалната побарувачка, што доведе до надолно прилагодување на цените на повеќето берзански производи. Овој пад е посебно изразен кај цените на нафтата на светските пазари, каде што дополнителен ефект имаше и неможноста за договор помеѓу најголемите производители на овој енергенс. Ваквите поместувања ќе имаат директен надолен ефект врз стапката на инфлација во македонската економија преку пониските домашни цени на горивата, што, впрочем е веќе видливо и преку мартовските податоци за инфлацијата. Пониските цени на енергентите, коишто се влезна компонента и кај другите производи и услуги, може дополнително да влијаат и на останатите цени, истакнува Ангеловска-Бежоска, во интервју за неделникот „Капитал“.

Според гувернерката, покрај директниот ефект од пониските увозни цени, надолно влијание врз цените кај нас се очекува и преку каналот на домашната побарувачка. Дел од преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот, како што напоменува таа, влијаат во насока на одложување на потрошувачката на домаќинствата, што би можело да доведе и до надолно прилагодување на цените во македонската економија.

Во интервјуто, гувернерката посочува дека заради корона-кризата се очекува пад на економијата, но и нејзино закрепнување во текот на следната година.

– За разлика од 2008 година, кога кризата беше резултат на сериозно нарушување на макроекономските фундаменти во глобални размери, тековно се соочуваме со шок од неекономски карактер и како таков, тој не би требало да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите, ниту пак да доведе до креирање подлабоки структурни проблеми, нагласува Ангеловска-Бежоска.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ