Во болниците во кинескиот град Вухан, од каде започна пандемијата со коронавирусот, веќе нема заболени од ковид-19, изјави денеска портпаролот на Националната здравствена комисија, Ми Фенг.
Во Вухан се пријавени 46.452 случаи на ковид-19, што е 56 отсто од бројот на заразени во Кина. Во тој град починаа 3.869 лица, што е 84 отсто од вкупниот број починати од ковид-19 во земјата.












