• Latest

Филипче: Ја израмнивме кривата на епидемијата, почитување на мерките за враќање во нормала

April 28, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Ја израмнивме кривата на епидемијата, почитување на мерките за враќање во нормала

April 28, 2020 16:04
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Сегашните анализи укажуваат на тоа дека факторот трансмисија на Ковид-19 генерално на целата земја е под 1, меѓутоа правиме детални анализи за одредени региони во земјата и чекаме уште неколку денови да видиме како ќе биде трендот на новодијагностицирани. Со сите мерки досега ја израмнивме кривата на епидемијата, не го оптоваривме здравствениот систем. Имавме линеарен број случаи со коронавирус и секој ден имаме нов број на оздравени, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, преку онлајн-видео комуникација.

Само единствено ако лично секој граѓани се заложи за тоа и даде свој придонес со доследно почитување на мерките, посочи министерот, ние ќе го задржиме овој тренд, ќе ја надминеме оваа состојба и постепено ќе го вратиме нашиот живот во нормала.

Тој ја соопшти и одлуката која Владата ја донесе на денешната седница за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

– На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден. За лицата над 67-годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот. Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот. Остануваат во сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата, рече Филипче.

Со ова, појасни, граѓаните имаат доволно време во претпладневните часови и да прошетаат и да ги набават потребните намерници, без притоа да се создаваат гужви на тие места, на пазарите, маркетите.

– Но, повторно апелирам мора задолжително да се носи заштитна маска за лицето, прекривка на устата и носот, така како што е пропишано во затворен простор или на отворено ако не може да се одржи препорачаната дистанца од два метра. Сите имаме подеднаква одговорност секој кон себе, но и кон останатите. Не смееме да дозволиме и сега да го доведеме во прашање тоа што досега заедно сите го издржавме и го надминавме, можеби најтешкиот период, најголемиот предизвик, а навистина направивме многу, истакна Филипче.

Во врска со денешните податоци за состојбата со Ковид-19 во државава, рече дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти и тоа во Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на Клиниката од 19 април и 63 – годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на Ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден, рече Филипче.

Посочи дека во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи со Ковид-19 и тоа во Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1. Со ова, потенцира, вкупната бројка дијагностицирани со Ковид-19 во земјава изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се пет нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се тројца пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска. Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се тројца пациенти, а шест се на респираторна машина. Во Клиничката болница во Битола се лекуваат шест пациенти, а осум се следат на домашно лекување. Во Клиничката болница во Штип на болничко лекување има двајца пациенти, а на домашно лекување се следат уште шест пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид -19, додаде Филипче.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ