• Latest

Ангеловска: Дигитализацијата во време на глобална здравствено-економска криза добива нова перспектива

April 28, 2020
Фото: Скриншот од видео на 
Forbes Breaking News

Рубио: САД се „загрижени“ од хуманитарната ситуација во Газа 

May 16, 2025

Додик продолжува со геноцидната реторика: Муслиманите во БиХ повторно сакаат војна; Сакаат да донесат џихадисти и да спроведуваат шеријатски закон; БиХ треба да се распадне

May 16, 2025

Меџити: „ВЛЕН“ нема да остане со девет пратеници, уште четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

May 16, 2025

Таравари до Мицкоски поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство

May 16, 2025

На вториот ден од блокадата на судот во Нови Сад, полицијата повторно употреби пепер спреј

May 16, 2025
Јане Ѓорѓиоски

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Daily mail

Тринаесет повредени откако автомобил се заби во публиката пред фудбалски натпревар во Барселона

May 16, 2025
Фото: Влада

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта дека може да нè биде

May 16, 2025

Прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американскиот државен секретар Рубио пристигна во Истанбул на мировни преговори за Украина

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Дигитализацијата во време на глобална здравствено-економска криза добива нова перспектива

April 28, 2020 16:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дигитализацијата во време на пандемија и глобална здравствено-економска криза добива нова перспектива, истакна во своето обраќање министерката за финансии Ангеловска, која учествуваше на панел дискусија на телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој (УНКТАД) во рамки на Неделата на е-трговија, која поради ковид-19 се одржува виртуелно.

-Со рестриктивните мерки за заштита на здравјето на нашите граѓани, истовремено преземаме мерки за да го олесниме работењето и новите начини на работа – е-фактури, електронски документи и слично. Во текот на март бројот на нови е-продавници на македонскиот пазар е скоро ист како и бројот на новоотворени е-продавници во текот на целата 2019 година. Онлајн продавниците за намирници сега имаат повеќе од 8 до 10 пати поголема продажба. Нема сомнение дека сега е вистинско време дигиталната економија и електронската трговија да го покажат својот потенцијал, рече Ангеловска, која е една од првите седум амбасадорки за е-трговија во светот.

Според Ангеловска, навиките ќе се менуваат, ќе се зголемува употребата на платежни картички и е-банкарство, а се разговара и да се поттикне финтек, да се стимулираат плаќања без готовина и друго.

-Верувам дека е јасно дека светот нема да биде ист по ова – откако животот ќе започне да се враќа во нормала. Ако до сега велевме дека поради технологиите светот се менува побрзо од било кога, сега оваа криза верувам дека уште повеќе ќе го стави тоа брзо темпо во петта брзина, рече Ангеловска.

Таа посочи дека зависи од владите, претприемачите, жените од целиот свет – дали и колку светот ќе биде подобар и попаметен по кризата со корона, како и дека компаниите ќе ги менуваат своите процеси, деловни модели, некои ланци на снабдување ќе се реконструираат.

-Фазата на закрепнување ќе започне наскоро – и сакам да ве оставам со порака дека улогата на жените и на трансформативното претприемништво за време на фазата на закрепнување ќе биде поголема од кога и да било, рече Ангеловска.

Министерката Ангеловска зборуваше на панелот „Empowering women digital entrepreneurs for resilient economies“, на којшто учествуваа и заменик-генералната секретарка на УНКТАД Изабел Дурант, амбасадорката и постојан претставник на Мисијата на Кралството Холандија во ОН Моник Ван Дален, амбасадорка на е-трговија, основач и извршен директор на Квиккеш Патриша Зунди Јао, ко-основач на ПејДуниа Јума Динг Фол и Марија Ристовска од македонската Асоцијација за е-трговија.

На панелот беше потенцирано дека дигитализацијата создава нови можности за жените во земјите во развој. Сепак, овој потенцијал сè уште не е целосно искористен од причини поврзани со родова пристрасност, недостаток на застапеност, нееднаков пристап до Интернет и ограничени дигитални вештини…

Инаку е-трговија за жени е иницијатива предводена од УНКТАД поддржана од Владата на Холандија. Целта е да ги инспирира, поддржува, поврзува и да им даде глас на дигиталните претприемачи жени во земјите во развој и на крајот да ги направи сила за инклузивно создавање богатство во нивниот регион.

Целта на овој форум на УНКТАД се размена на искуства за можностите за развој и предизвиците поврзани со дигиталната економија, а се дискутира за повеќе теми како дигитални економии во реално време, како да се заштитат потрошувачите и какви напори преземаат надлежните за ублажување на негативните ефекти на пандемијата, иновации, сопственост на податоци и интелектуална сопственост, улогата на компјутерската безбедност и приватноста во дигиталниот и е-трговскиот простор.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ