Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска рече дека економската помош дадена на земјите во пандемијата Ковид-19 треба да биде поврзана со спроведувањето на климатските активности и заштитата на животната средина.
– Додека трошиме билиони за опоравување од Ковид-19, треба да создадеме работни места преку чиста, зелена транзиција, рече Гутереш на „Климатскиот дијалог Петерсберг“ за помошта дадена на економиите во светот во кризата предизвикана од ширењето на новиот коронавирус.
– Таму каде што парите на даночните обврзници се користат за заштеда на бизниси, мора да се создадат зелени работни места и одржлив и инклузивен раст, додаде тој.
– Овие пари не треба да се користат за да им се помогне на застарените индустрии што загадуваат и создаваат големи количини на јаглерод диоксид.
Пандемијата е можност да се придвижи светот кон „борба против климатските промени, заштита на животната средина, стопирање на загубата на биолошката разновидност и долгорочно обезбедување здравје и безбедност на човештвото“, рече челникот на ОН.