• Latest

Синдикатите и граѓанските здруженија бараат одговорност од Ангеловска, министерката повикува реално перцепирање на работите за мерката 14.500 денари финасиска поддршка

April 29, 2020

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Синдикатите и граѓанските здруженија бараат одговорност од Ангеловска, министерката повикува реално перцепирање на работите за мерката 14.500 денари финасиска поддршка

April 29, 2020 16:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сите да бидеме реални, да ги перцепираме и презентираме работите како што навистина се. Мерката 14.500 денари поддршка по вработен може да спаси илјадници работни места“, порача министерката за финансии Нина Ангеловска во објава на својот фејсбук профил, по реакциите од здруженија и синдикати во однос на новините за користење на мерката што таа ја претстави денеска на прес-конференција.

„Претставивме три клучни промени во мерката за поддршка на работодавачите 14.500 по вработен. Како што кажува и името на самата мерка таа е креирана да даде финансиска поддршка на работодавачите заради исплата на плати на работниците. Со мерката се помага и на работниците, на самовработените и на работодавачите – кои креираат работни места и сите заедно придонесуваат за економски раст и кои ќе треба да го премостат овој период и да бидат подготвени за фазата на оправување. А опоравување без работниците не е возможно“, пишува Ангеловска.

https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/posts/252005492843320?__tn__=K-R

Синдикатите и здруженија на граѓан(к)и, кои се борат и залагаат за работничките и работниците и за нивните права претходно остро ја осудија изјавата на Ангеловска дека ќе им биде дозволено на фирмите кои користат државна финансиска поддршка за исплата на плати да отпуштат до 15% од нивните вработени. Доколку ова се реализира, велат тие, тоа ќе значи десетици илјади нови невработени во пресрет на очекуваната економска криза и десетици илјади семејства во сиромаштија.

 Синдиакатите побараа итно и неодложно да се запре процесот на измена и дополнување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 во насока на давање на можност на работодавачите кои користат финансиска помош од државата да отпуштаат вработени, а синдикатите и здруженијата на граѓан(к)и кои се залагаат за работниците и за работничките права задолжително да бидат консултирани при подготовката на мерки кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност.

Истовремено се побара и одговорност од Министерката за финансии, Нина Ангеловска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ