• Latest
EPA-EFE/ABIR SULTAN

На здравствените работници со КОВИД-19 нема да им се крати платата за боледување, ослободување и од партиципација

April 30, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На здравствените работници со КОВИД-19 нема да им се крати платата за боледување, ослободување и од партиципација

April 30, 2020 15:15
in ОПШТЕСТВО
EPA-EFE/ABIR SULTAN

EPA-EFE/ABIR SULTAN

Share on FacebookShare on Twitter

Се подготвуваат и наскоро ќе стапат во сила нови правилници во однос на партиципација при лекување  од КОВИД-19 и исплата на 100-процентен износ од плата при боледување на здравствен работник ако е тоа поврзано со лекување од коронавирусот.

Во одговор на новинарско прашање во врска со реакции од медицински лица на кои им била скратена платата за боледување од коронавирус и плаќале партиципација, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев на прес-конференција рече дека тоа се темели на досегашната практика и правилници за боледување, но дека сега се зема предвид новонастаната ситуација и заболувањето на медицинскиот персонал ќе се смета за професионално и ќе имаат сто проценти плата при боледување. За таа цел, рече, Министетрството за труд и социјална политика ќе направи измени во прописите.

-Имајќи предвид дека станува збор за новонастаната ситуација односно исплата на боледување по основ на професонално заболување поради коронавирусот, Фондот има заземено мерки и ќе исплатува надомест на плата по основ на професионално заболување кое е поврзано со КОВИД-19 во висина од 100 проценти за здравствените работници и лица вработени во здравствени установи како најизложени на коронавирусот. Имаше неколку процедурални работи што требаше да се завршат зашто постоеше законска рамка и одредени правилници и за таа цел Министетрството за труд и социјална политика ќе направи измени во прописите како и во листата на заболувања што дефинираат кои болести се сметаат зз професионални заболувања и за нив ќе биде исплатен 100-процентен износ од платата, истакна Дончев.

Во однос на партиципацијата, и тоа, рече,  се темели на практиката и правилниците, но и овде имајќи ја предвид новата ситуација, Владата ќе донесе уредба со законска сила со што ќе се овозможи осигурените лица да се ослободат од плаќање партиципација во здравствените усстанови при користење здравствени услуги за лекување од дијагностициран КОВИД-19.

-И овие средства ќе бидат на товар на Фондот. Тоа е предвидено и е во тек, рече Дончев, додавајќи дека наскоро ќе стапат во сила партиципацијата и 100-те проценти плата за медицинскиот персонал ако боледувањето е поврзано со лекување на КОВИД-19.

На прашање дали во овие услови редовно работи Комисијата за ин витро т.е.вештачко  оплодување на државна сметка, Дончев одговори дека тој процес функционира нормално и ќе нема прекин во давање на услугите што се на товар на Фондот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ