• Latest

Кумановски кризен штаб бара заживување на стопанството и враќање во функција на општинските служби

May 11, 2020

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Кумановски кризен штаб бара заживување на стопанството и враќање во функција на општинските служби

May 11, 2020 16:55
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter
Кумановскиот кризен штаб бара од Владата, во најитна постапка да донесе мерки, протоколи и препораки за брзо заживување на стопанските субјекти, а на градоначалникот му препорачува да ги врати во функција сите служби во рамки на Општина Куманово, како и во јавните претпријатија за да се запази функционалноста на општината и потребите на граѓаните.

„Согласно предходно изготвената проценка за епидемиолошката состојба од страна на Комисија за заразни болести и Министерство за здравство за територија на Општина Куманово, бараме од Владата на РСМ во најитна постапка да донесе соодветни мерки, протоколи и препораки за брзо заживување на стопанските субјекти ( хотели, ресторани, кафеани, кафулиња, занаетчиски дуќани и мали трговски единици) на територија на Општина Куманово со јасни и прецизно детерминирани услови и насоки за начинот, поставеноста и внатрешното уредување на функционалниот поростор во истите“, се наведува во соопштението од денешната 42. седница на кризниот штаб на Куманово.На состанокот е донесена препорака да се прекине со понатамошна дезинфекција на претходно определените пунктови за возила во градот, освен на двата кои ги поврзуваат општините Куманово и Липково (Огрев и Бедиње). Ќе престане и превентивната дезинфекција  на станбените објекти која ја спроведуваа повеќе субјекти и таа обврска согласно со законот ќе им се предаде на станбените домари кои се задолжени за одржување на зградите.

Превентивната дезинфекција на јавни простории и површини во Куманово ќе престане, но улиците и понатаму ќе ги мијат екипите на „Чистота и Зеленило“ со натриум хипохлорид.
Согласно со претходните мерки предложени од Владата, штабот му препорачува на градоначалникот да ги врати во функција сите служби во рамки на Општина Куманово, како и во јавните претпријатија за да се запази функционалноста на општината и потребите на граѓаните. Штабот му препорачува на градоначалникот во консултација со Владата во најскоро време да излезе со предлози за делумно враќање на градскиот превоз, што како барање произлегло од средбата со претставниците на локалниот економски совет.
Врз основа на препораките и уредбите на Влада од кумановскиот кризен штаб ги потсетуваат граѓаните дека се должни да носат лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори, кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и сл.)
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ