• Latest

Нуредини: Соработка со граѓански здруженија за прогласување на Шар Планина за национален парк

May 21, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1 дел): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Соработка со граѓански здруженија за прогласување на Шар Планина за национален парк

May 21, 2020 12:05
in ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Потребна е соработка и силно партнерство на институциите со граѓанските здруженија и сите засегнати чинители за да се заштити природното наследство на Шар Планина, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој најави дека до крајот на септември треба да се достави до Владата Нацрт-законот со кој се прогласува Шар Планина за национален парк.

Тој на денешната онлајн средба „Комуникација со јавноста во процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк“ одржана со претставниците на граѓански организаци, истакна дека главната цел е информирање за тековните и планираните активности во рамки на финализирање на постапката за прогласување Шар Планина за национален парк, откако Владата ја прифати Иницијативата.

-Прифаќањето на Иницијативата од страна на Владата значи дека веќе нема место за враќање назад и значи интензивно и амбициозно работење на завршување на овој процес. Од големо значење е што поскоро да се заврши процесот и да се воспостави систем за управување со што на соодветен начин ќе се заштити ова природно наследство, а од друга страни ќе се отворат нови можности за социо-економски развој, рече Нуредини.

Иницијативата на овој првичен состанок, како што појасни Нуредини, е во правец на продлабочување на соработката со граѓанските здруженија кои делуваат на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој во насока на доработка на Планот за комуникација и неговото натамошно спроведување, со што би се воспоставил партнерски однос со граѓанските здруженија, нивно рано вклучување во процесот на комуникација со јавноста и ангажирање на широг круг на засегнати чинители на непосреден и организиран начин.

На онлајн средбата се вклучиле претставници на 13 граѓански здруженија меѓу кои и планинарски друштва.

Иницијативата на прогласување Шар Планина за национален парк се реализира во рамките на проектот „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“ што го спроведува Проектната канцеларија на УНЕП.

Заради спроведување на постапката за прогласување, се изработува Студија за валоризација на Шар Планина, а започнува и изработката на План за комуникација со засегнатите страни.

На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, е најавено потпишување на Меморандум за соработка со засегнатите чинители со кој ќе се официјализира начинот на соработката.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ