• Latest

Не е без причина

May 26, 2020

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не е без причина

May 26, 2020 08:40
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Во моментов се поставува прашањето: зошто во Македонија не се намалува бројот на заразени од Ковид-19 во обем и на начин како во другите соседни држави?

Првата причина може да се побара во мерките кои ги има преземено управувачката структура.

Во образованието има еден интересен институт, кој го негуваат дел од наставниците/професорите – вложен труд. Тоа значи дека кога даваат оцена не го вреднуваат резултатот (стекнато знаење, вештини), туку, колку ученикот/студентот се трудел, ама не постигнал никаков или, многу мал резултат.

Во образованието има логика за примена на овој институт (посебно во основното образование), меѓутоа, нема простор за примена на овој институт во делувањето на државата.

Имено, граѓаните очекуваат одреден резултат од воспоставените политики, делувањето на државните органи и, од преземените активности. Вложениот труд и направените напори, немаат никакво значење за благосостојбата на граѓаните, задоволувањето на нивните потреби и обезбедувањето услови за практикување на правата и слободите.

Мерките не го даваат очекуваниот резултат. Тоа значи дека не се добро избрани, не се добро спроведени, не се соодветни за населението на кое се однесуваат, а некогаш се и контрадикторни до бесмисленост (некој би рекол исклучително глупи). И тоа претставува објективен проблем кој никако не може да се замачка со тврдењето дека властите ептен многу се трудат и прават се’ што е во нивна моќ.

Втората причина може да се побара во немоќта на управувачката структура да ги искористи капацитетите на државата.

Во градењето на мерките не се искористи ниту институционалното ниту знаењето на поединци во функција на градење комплексен и конзистентен систем кој ќе адресира различни сфери на проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Отсуството на градење тимови од различни специјалисти доведе до еднострани, избрзани или задоцнети мерки и пред сѐ, реактивни решенија кои не ги антиципираат проблемите туку се донесуваа откако ќе се појави проблем.

Третата причина може да се побара во генералната политичко-правна ситуација во државата.

Имено, веќе подолг период довербата во институциите и препознавањето на владеењето на правото и еднаквото важење на законите, се на исклучително ниско ниво. Тоа не може, а да не се рефлектира и во ситуација на криза. Луѓето не веруваат на она што го кажуваат институциите (затоа што претходно ги мамеле). Не веруваат во владеењето на правото и еднаквото важење на законите (во случајов, мерките) за сите граѓани, затоа што веќе подолг период се соочуваат со правен хаос и очигледни двојни, тројни или шесторни стандарди.

Четвртата причина е многу подлабока и задира во дезавуирањето на образовниот систем.

Македонија е препознаена како држава со исклучително висока функционална неписменост и како држава во која граѓаните најлесно наседнуваат на лажни вести. Раширената функционална и медиумска неписменост е директно спротивна со разбирањето на мерките кои се спроведуваат до ниво на одрекување постоење зараза и опасност по здравјето.

Секоја од овие причини посебно е доволна за неуспех во справување со кризна ситуација како што е пандемијата од Ковид-19, а сите заедно, ја ставаат државата во центарот на непредвидливо торнадо на хаос и безредие од кое граѓаните можат да извлечат жива глава само со помош на чудо.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ