• Latest

ИРИ: 74% од граѓаните го поддржуваат пристапувањето кон ЕУ

June 5, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ИРИ: 74% од граѓаните го поддржуваат пристапувањето кон ЕУ

June 5, 2020 14:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мнозинството граѓани во државава сметаат дека САД се меѓу најважните политички партнери на земјата, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан, што го спроведе Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Истражувањето открива поделени мислења за Соединетите држави како економски и политички партнер, но и ентузијазам за посилни врски со Европската Унија (ЕУ). Истражените земји биле Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Како одговор на прашањето кои нации ги сметаат за најважни економски партнери, јавноста се поделила во одговорот, Косово со извонредно мнозинство (94 проценти) се повикало на САД, во споредба со само 13 проценти од испитаниците во Србија кои го делат ова чувство. Големото  мнозинство во Србија ги наброило Русија (73 проценти) и Кина (71 посто) меѓу најважните економски партнери.

– И поголемиот дел во Црна Гора смета дека САД се меѓу најважните политички партнери на нивната земја. Во Босна и Херцеговина и Србија, уделот на оние кои го гледаат САД како клучен политички партнер е помал (29 и 15 проценти), стои во истражувањето.

Ентузијазмот за членство во ЕУ останува голем. На прашањето како би гласале ако утре се одржи референдум мнозинството од граѓаните во земјава (74 проценти) го поддржува пристапувањето.

Мнозинството во сите земји рекле дека ќе гласаат за интеграција во ЕУ. Во Косово, огромно мнозинство (93 проценти) го поддржува пристапувањето, а и силно мнозинство во БиХ (76 проценти).

– Загриженоста за дезинформациите беше очигледна во петте испитани земји, што покажува дека лажните наративи што често ги туркаат малигните актери се континуиран проблем на Западниот Балкан. Мнозинството во БиХ, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија се согласија дека погрешните или лажните информации во медиумите се или „многу“ или „донекаде“ проблематични за нивните земји. Дополнително, мнозинството во сите пет држави рекоа дека наидуваат на погрешни или лажни информации во медиумите „дневно“, „речиси секој ден“ или „неколку пати неделно“, се наведува во истражувањето.

Регионалниот директор на ИРИ за Европа, Пол Мекарти смета дека оваа анкета покажува дека многумина во регионот ги насочуваат своите интереси кон Западот.

– Постојаната поддршка од САД и ЕУ за зајакнување на демократијата во целиот регион е клучна за консолидирање на овој позитивен тренд и овозможување на овие земји да се спротивстават на загрозувањето од страна на авторитарните сили. Земајќи предвид дека голем дел од дезинформациите што кружат на Балканот произлегуваат од авторитарни сили како што се Кина и Русија, утешува фактот што граѓаните на Балканот ги препознаваат проблемите кои ги предизвикува овој феномен, вели Мекарти.

Истражувањето се спровело во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина меѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците биле собрани преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците во секоја од вклучените земји, со стапки на одговор од 50 до 85 проценти и со користење на повеќестепена стратификација пропорционална на распределбата на населението. Ова истражување било спроведено со поддршка од Националниот фонд за демократија.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ