• Latest

На изборите на 15 јули ќе настапат 15 коалиции со 1.598 кандидати

June 18, 2020
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

На изборите на 15 јули ќе настапат 15 коалиции со 1.598 кандидати

June 18, 2020 10:28
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фер, демократски и кредибилни избори посакуваат Владата, учесниците на изборите и политичките партии, но овој пат и со една додавка која ја отсликува суровата реалност со коронавирусот, а тоа е заштитата на здравјето на граѓаните. Предвремените парламентарни избори на 15 јули се особено важни бидејќи долго време државата функционира во вонреди услови со техничка влада и без Парламент.

Согласно политичкиот договор постигнат пред одложувањето на изборните дејствија во март, за првичниот датум на изборите 12 април, и последниот договор како и уредбите на Владата, изборните дејствија продолжуваат онаму каде што запреа, со дополнителни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните поради коронавирусот.

Тоа значи дека кандидатските листи се веќе потврдени, заклучен е регистарот на медиуми, завршено е пријавувањето на дијаспората за кое овој пат немаше доволен број пријавени и таму нема да се гласа, извршена е жрепка за редоследот на избирачкото ливче, а завршени се и други дејствија. Од незавршените најважно е ажурирањето на Избирачкиот список, односно МВР треба да достави податоци до ДИК, треба да се доедуцираат односно во случајов да се спроведе комплетно нова едукација на здравствените избирачки одбори, како и на членовите на Избирачките одбори и општинските изборни комисии, согласно здравствените протоколи, треба да се испечатат изборните ливчиња, ДИК да изготви упатства за многу од активностите на терен и гласањето, продолжува и пријавувањето на набљудувачите на изборите…

На изборите на 15 јули ќе настапат 15 коалиции со 1.598 кандидати

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска која произлегува од член 8-в од Изборниот законик.

 

ДИК пред донесувањето на мартовската Уредба на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.

 

Носители на листите на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска, во двојката Владо Мисајловски, во тројката Игор Јанушев, во четвртата Изборна единица Александар Николовски, во петата Изборна единица оперскиот пејач Игор Дурловски и во шестата Дафина Стојановска.

СДСМ за овие избори направи коалиција со БЕСА, која на кандидатските листи има 14 членови на партијата.

 

Носител на листата на СДСМ и коалицијата во Првата изборна единица е актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, техничкиот премиер Оливер Спасовски е во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата, во Изборната единица четири носител ќе биде лидерот на СДСМ Зоран Заев, петката ќе ја предводи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, а носител во Шестата изборна единица ќе биде лидерот на БЕСА Билал Касами. Карактеристично за овие листи е тоа што е запазено правилото половината од кандидатите да бидат жени.

 

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе биде носител на кандиидатската листа на партијата во Шестата изборна единица, Талат Џафери во Петата изборна единица, во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во Втората изборна единица министерот за образование Арбр Адеми, и во Првата изборна единица носител ќе биде партискиот потпретседател, Изет Меџити.

 

ДПА има кандидатски листи во пет изборни единици. Носител на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица е лидерот на партијата Мендух Тачи. Во првата изборна единица носител на листата со кандидати за пратеници е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Прв од кандидатите во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати. Во петтата изборна единица носител на кандидатската листа е Васви Доко.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села е носител на кандидатската листа на коалицијата со Алтернатива во Шестата изборна единица, додека Африм Гаши од Алтернатива во втората изборна единица.

По потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, ДИК ќе изврши ждребка за определување на билбордите за политичко рекламирање.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ