• Latest

Изборни рокови (прв дел)

June 18, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Изборни рокови (прв дел)

June 18, 2020 21:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најдоцна до сабота, 21 јуни, Министерството за здравство треба да достави податоци до Државната изборна комисија за здравствени работници систематизирани по општини според адресата и местото на живење, стои во ревидираниот Роковник за претстојните предвремени парламентарни избори.

Ваквото дополнување на Роковникот е според новите одлуки за гласање на 13 јули на лицата што во тој момент ќе бидат во домашен карантин или во самоизолација како позитивни лица на Ковид-19.

Според Роковникот, што се однесува до органите за спроведување на изборите, до 23 јуни треба да се формираат избирачките одбори за 13 јули, а согласно пратените податоци од Министерството за здравство, тие ќе бидат формирани од тројца здравствени работници.

Избирачки список

Она што остана според ревидираниот Роковник, а се однесува на Избирачкиот список е обврската полтичките партии најдоцна до 24 јуни да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци. ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе решение по нивните барања. Партиите најдоцна до 26 јуни можат да поднесат тужба по донесените решенија, а Управе суд да донесе одлука по приемот на решението најдоцна до 27 јуни.

ДИК го потпишува и заклучува Избирачкиот список најдоцна до 4 јули или 10 дена пред одржување на изборите.

Предлагање на листи за кандидати

Денеска претставници на политичките партии и коалиции на претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.на овие избори ќе учествуваат 15 политички партии и коалиции со свои листи на кандидати.

Она што остана како обврска во овој дел од Роковникот е правото на политичките партии секо подносител на листа на кандидати да определи претставник и негов заменик што ќе ја следат работата на изборните органи (ДИК, ОИК и ИО) од започнување на изборите па до завршување и утврдување на резултатите. Подносителот на листа на претставникот му дава овластување и ги известува изборните органи најдоцна до 12 јули.

Изборна кампања

Изборната кампања започнува во 00:00 на 24 јуни, а завршува во 00:00 на 12 јули. изборната кампања при евентуално прегласување завршува на 26 јули.

Набљудување на изборите

Сите оние што според Изборниот законик имаат право на набљудување на изборите, член 161, доставуваат барање до ДИК најдоцна до 9 јули. ДИК издава овластувања најдоцна два дена по приемот на барањето.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ