• Latest

Ретроспективи, обвинувања, споредби и невидливи програми

June 25, 2020

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ретроспективи, обвинувања, споредби и невидливи програми

June 25, 2020 23:45
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

На вториот ден од предизборната кампања за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули, активностите на партиите продолжуваат и во вечерните часови. Носителите на листите вечерва посетија неколку градови во земјата, кадешто се обратија пред своите поддржувачи.

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, на денешното обраќање во Струга продолжи со реториката на обвинувања, осврнувајќи се на зголемувањето на бројката на заболени од Ковид-19, за коешто, според него, е виновно раководството на СДСМ.

Мицкоски пред стружани потенцираше дека во петтата Изборна Единица изборот е јасен, помеѓу Дурловски, за кој што изјави дека е  човек кој е почитуван во целиот свет и за неговата бескрајна и докажана љубов кон  Македонија, со  Шекеринска од другата страна, за којашто рече дека  човек од времето на транзицијата што до денеска донесе многу неправди,  а пред се во Струга.

Зоран Заев , СДСМ,  вечерва во Охрид на трибина порача дека сега кога имаме шанса и кога имаме пријатели и кога сме членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговорите, не ни треба враќање  назад.

Заев се осврна на вложувањата на локалната и централната власт во Охрид во последните три години и направи споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети и на просечната плата од 22.300 денари која ја затекнале кога СДСМ дојде на власт  и со сегашната која во март оваа година беше 27,500 денари која е зголемена за повеќе од 5.000 денари,

Заев  посочи за паралелното  покачување на пензиите, покачувањето на платите во образованието, културните работници и  минималната плата.

– Покачени се платите на вработените во детските градинки, на културните работници, покачени се сите плати во државата на ниво на минилна плата и на ниво на просечна плата. 5.550 ја покачивме минималната плата, од 9.000 денари на 14.500 денари, потсети Заев.

Носителот на изборната листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров, вечерва во дневникот на телевизија Сител, во контекст на предизборната кампања изјави дека македонската нација во моментов нема вистински избор.

Димитров се осврна на последниот извештај од ЕК, во којшто се вели дека имаме добар напредок и во владеењето на правото, споредувајќи ги извештаите со тие  што државата ги добиваше пред и за време на владеењето на СДСМ.

Во тек е конвенцијата на коалицијата на Алијансата за Албанците – Алтернатива, во Тетово, кадешто пред граѓаните се претставуваат кандидатите за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ