• Latest

Пораки, приоритети и ветувања за третиот ден од изборната кампања

June 26, 2020

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Пораки, приоритети и ветувања за третиот ден од изборната кампања

June 26, 2020 16:14
in Uncategorized, ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter
Кандидатите на политичките партии за предвремените парламентарни избори на 15 јуни и денеска, на третиот ден од кампањата, се сретнаа со граѓаните низ земјава.

Јован Митрески од СДСМ беше на посета во струшкиот регион, каде изјави дека тој регион повеќе од 30 години бил заборавен.
„За само 3 кратки години, владата која ја предводи СДСМ успеа да инвестира заедно со Светска Банка над 1.1 милиони евра во инфраструктурни проекти.  Заедно ќе ги решиме проблемите. Само заедно можеме уште повеќе и уште подобро“, изјави Митрески.

Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери денеска имаше неколку средби со жителите на Тетово. Тој испрати порака дека 15  јули, иако како секој изборен циклус е важен за земјата, има одредена специфичност.

Зибери рече дека од Тетово праќа порака за дијалог кон политичките противници

„Нивните аргументи со кои се спротиставуваат на оваа идеја да седнеме пред јавноста да ги аргументираме. Да седнеме пред јавноста и да ги убедиме граѓаните со своите сугестии, алтернативи и визии како сакаме да ја градиме оваа земја во иднина. Јас не сакам и нема да бидам премиер само на Албанците. Јас претендирам да бидам раководител на идната Владата која ќе придонесе оваа земја да ја направиме поперспективна, поевропска, земја во која секој ќе се чувствува комотен како во својата куќа“, истакна Зибери. 

Предизборниот караван на Македонски концепт денеска ги посети градовите Велес и Штип од Изборната единица 3.

Во Велес, Петар Богојески истакна што е приоритетно за градот и што е потребно за граѓаните на Велес.

“Прво што ќе понудиме на граѓаните на Велес е слобода како форма на живот, за Велес и цела Македонија, а второ е спокој, односно извесна иднина за граѓаните. Денес никој нема извесна иднина и не знае што се случува, законите се менуваат секој ден, ни граѓаните и бизнисмени не знаат што се случува. Не се знае што ќе се случи со работните места, или што следи утре. Трето е солидарно поведение каде е проектот за обештетување на граѓаните. Сите граѓани кои се жртви на транзицијата, од сите влади и политичари во изминативе 30 години, да бидат обештетени од буџетот на државата со околу 300 милиони евра годишно или 1,5 милијарда евра за следните 5 години почнувајќи од 2021 година. Овој проект ќе донесе социјална правда и правичност, проект што мора да се реализирани за да имаме барем минимална правда за граѓаните наспроти оние мал број индивидуалци што го приватизираа и ограбија целиот општествен капитал во минатото, а голем број семејства настрадаа во тој процес. Овој проект е многу корисен и важен за целата држава а посебно за Велес како град со многу стечајци”, изјави Петар Богојески.

Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со младите од општина Кисела Вода, каде истакна дека младите се потенцијалот и силата врз која треба да се темели државата во иднина.

Силјановска Давкова им порача на младите дека нивната е најважната приказна, дека нивната приказна говори за обновување на образовната инфраструктура, изградба на нови училишта, обновени факултети, институти, библиотеки, задолжително изучување на македонскиот јазик на универзитетите и посебност на Институтот „Блаже Коневски” со задолжителни лектори професори по македонски јазик на секој факултет.

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, посочи таа, се предвидени ваучери за младите за културни и спортски настани, компјутерска едукација и уште многу образовни надградби.

Како Движење Беса ќе се грижиме за културното наследство, ќе се грижиме и за зелените места, за сите граѓани на Тетово и за сите граѓани на Северна Македонија. Ќe се грижиме да имаме достоинствeн живот што го заслужуваат сите граѓани, изјави денеска лидерот на Движењето Беса, Билал Касами.

Како што соопшти Беса, Касами гарантира дека преку коалицијата „Можеме“ ќе ја направат Шар Планина привлечно туристичко место, а не само Попова Шапка којашто заостанува и во јавните и во приватните инвестиции.

 

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ