• Latest

БЕЗ ФИЛТЕР: Како ли се финансираат политичките партии? (видео колумна)

June 28, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

БЕЗ ФИЛТЕР: Како ли се финансираат политичките партии? (видео колумна)

June 28, 2020 21:17
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичкото финансирање или финансирањето на политичките партии и нивните кампањи, секогаш е завиено со велот на мистеријата. Тоа не би требало да биде така. По закон, сите мораат да одговараат за парите кои ги добиваат на своите сметки, за тоа како ги трошат и зошто ги трошат. Сите се одговорни пред законот подеднакво, барем така пишува во уставот и законите. Да видиме како тоа изгледа во случајот со ВМРО – ДМПНЕ.

Во 2014 и 2015 година, ВМРО – ДПМНЕ купуваат 63 канцелариски простори низ целата земја. Се проценува дека тие вредат околу 11 милиони евра, а се простираат на површина од 12.000 квадратни метри. Се разбира, ова ја исклучува онаа грдосија од седиште во центарот на Скопје што се простира на околу 11.000 квадратни метри, која е подарок од градежната компанија „Бетон“ која никогаш не откри колку вреди изградбата на оваа палата или „Белата палата“, некои ја викаат и „Шампита“. Но, оние што ги познаваат условите во градежништвото, проценуваат дека вреди околу 16 милиони евра.

Како и да е, политичките партии мора да одговорат на прашањата на јавноста. Во нашиот случај со оваа наша омилена партија, имаме ситуација во која партијата не одговорила на најмалку 40 прашања поставени јавно, преку колумни, писма, директни е-мејлови, па и преку директни телефонски повици со љубезни прашања. Меѓутоа, само во неколку месеци, овие 40 прашања се одговорени во – нула вредност. Поточно имаме нула одговори.

Ние се надеваме дека во најскоро време и ќе ги добиеме тие одговори, одговорите на прашањата кои се и законски поставени.

Политичките партии, без исклучок, нека е тоа и најголема, нека е тоа и најмала партија, мора да одговорат на прашањата поврзани со финансиите, бидејќи тие им припаѓаат на граѓанките и граѓаните кои овие политички партии тврдат дека ги застапуваат. Заради тоа, потребна е транспарентноста, не само како морална обврска, туку и како законска.

Џабир Дерала
камера: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ