• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Можело и пристојно

October 16, 2026 11:29
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Дојдат некогаш, некои времиња кога она што е пристојна комуникација меѓу луѓето се замени со нетрпеливост и со употреба на непристојни зборови во разговорот. Несогласувањето тогаш покажува не само недостаток на меѓусебно почитување, туку и отворена омраза. Заедница во која нема разговор туку има натпревар во навредување нема добра иднина.

Ве потсетува ли на нешто ова мои почитувани сограѓани. На нашето секојдневно живеење? Во секојдневната комуникација меѓу соседите и сограѓаните пристојноста е нарушена, но сепак постои и за среќа ја одржува сеуште сликата за човечка заедница а не на предаторска територија.

Но не ѐ така на јавната сцена, помеѓу оние што треба да поставуваат норми и примери за однесување на таа сцена. Ние сме робови на нивните интереси, а тие се робови на состојбите кои самите ги креираат. Стравот и искомплексираноста најдоа алатка во социјалните мрежи, каде анонимноста е заштита од внатрешните немири и тој отров се излева како досега да бил затворен во некакви граници на пристојноста и нормалното човечко поведение. Не е многу подобро и во традиционалните медиуми каде аргументите се заменуваат со непристојна ама подобна партиска реторика.

Но можело и на друг начин на јавната сцена да се дебатира. Не верував дека ваков текст ќе напишам за некој од поранешните или сегашните политичари. Не верував, зашто знам дека и покрај тоа што познавам такви политичари, тие се заробеници на мнозинството партиски членови кои се само клиенти и најчесто навивачи без критериум и потреба од мерка.

Ако парламентот е ограден простор каде претставниците на партиите можат меѓу себе да водат беспоштедна борба со сите средства, тогаш зошто им дозволуваме да ни го нарушуваат мирот надвор од тој ограден простор? Кому му се потребни  секојдневните пресови кои не се никаков став на партиските органи, туку непристојна комуникација помеѓу партиските ПР оддели кои не водат сметка ниту за политичкиот противник ниту за менталната хигиена на јавниот простор. Предлагам почитувани сограѓани да ги гасите телевизорите кога ќе се појави некој партиски портпарол или да го бришете кога ќе ви се појави на телефонскиот дисплеј. До АВМУ предлагам:

Донесете правило со кое телевизиите ќе се обврзани да стават банер кога пренесуваат вакви пресови на кои ќе пишува: Може да се следи само со партиска книшка а за другите граѓани само со надзор на психолог или психијатар.

За наша среќа, мои сограѓани, имало надеж и за нас. Вчера одгледав цела една таква дебата и ми се врати оптимизмот пак да следам вакви телевизиски продукти. Еден актуелен пратеник, а поранешен потпретседател на владата и човек чие разбирање на економските процеси е несомнено и еден поранешен министер за финансии чии ставови во последно време ми изгледаат како зрак на разум во гунгулата на партиски експерти кои својот интегритет го ставаат на располагање на партиските штабови.

Едниот е Албанец, а другиот Македонец. Едниот е член на СДСМ, а другиот беше член на највисоките партиски органи на ВМРО-ДПМНЕ.   Како според дифолт сцена за дебата во која не се почитуваат фактите ниту соговорникот. Арно ама, што би рекле моите штипјани, следев дебата на двајца образовани и пристојни ликови кои го почитуваа основниот постулат на дебатирањето. Силината на аргументите ги зацврстува ставовите, а не силината на нивното презентирање преку повишен тон или употреба на непристојни изрази.

Пристојните соговорници беа Фатмир Битиќи и Кирил Миноски.

За среќа, кога нема гола политика (читај партиски активности) и температурата на дијалогот е пониска. Се дебатираше за економските и фискалните состојби во државата. Во добар дел од ставовите се согласуваа, пред сѐ, затоа што знаењето кое го стекнале не им дава простор заклучоците да ги донесуваат без втемеленост.

Ете, овде некаде е дијагнозата за состојбите во нашава заедница. Знаеме според здравиот разум што е добро а што не е добро и на краток и на долг рок. Знаеме ама границите кои стравот од сопартијците кои се само клиенти и навивачи го ставаат здравиот разум и стручноста во втор план. Прво и најважно е да им се допаднеш на нив. Како гладијатори во арената. Мораш да се жртвуваш за да ги исполниш нивните очекувања.

Нема да ги пренесувам ставовите на Битиќи и Миноски, кои навистина заслужуваат внимание туку само се обидувам да ја пренесам сликата која јас ја стекнав следејќи ја дебатата.

Кое општество, држава, се стабилизирала и се развивала ако главниот збор го водат масите? Ако тоа се непристојни и најчесто неуки ама исфрустрирани коментатори на социјалните мрежи или во кефеана и  пред гранапче (според мене многу не се разликуваат трите состојби),  тогаш заедницата е во опасност и нема перспектива.

Знам дека ова за многумина ќе изгледа како панигирик за двајца политичари и јавни личности, ама човек едноставно се израдува кога во морето нетрпеливост и непристојност има прилика да следи дебата која е и пристојна и стручна. Се надевам дека некои други учесници во јавниот простор ќе ме демантираат дека не сум следел исклучок.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


Војо Маневски е долгогодишен новинар, уредник и политички аналитичар, со богато искуство во следењето и анализата на политичките, економските и општествените процеси во земјата и регионот. Во своите текстови се осврнува на актуелните политички случувања, економските политики и трендови, функционирањето на институциите, демократските процеси и пошироките општествени предизвици.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: Кирил Миновскикомуникациска култураТВ дебатаФатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ