• Latest

Право на глас имаат 1.814.263 граѓани, лицата во изолација поради КОВИД-19 ќе гласаат од дома

July 2, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Право на глас имаат 1.814.263 граѓани, лицата во изолација поради КОВИД-19 ќе гласаат од дома

July 2, 2020 10:16
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија вчера го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули, а право на глас ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица.

Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

ДИК го донесе и Упатството за начинот на гласање на избирачките места со помалку од 10 избирачи, со кое од вкупно 3480 избирачки места, во 90 избирачки места  – на подрачјето на 29 општински изборни комисии се евидентирани помалку од 10 гласачи, со што гласачите од овие избирачки места своето право на глас ќе може да го остварат на најблиското избирачко место со над 10 гласачи, откако претходно ќе бидат известени за местото каде што ќе можат да го остварат своето право на глас.

Исто така, на затворениот дел од седницата, ДИК го утврди изгледот на гласачкото ливче за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Рапублика Северна Македонија, за 15 јули 2020 година.

Дваесетдневната кампања за изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија закажани за 15 јули започна на 24 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ, по што следува тридневен молк. Ова се најспецифичните избори што ќе се одржат во земјата имајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19 и мерките што учесниците, гласачите и изборната администрација треба да ги почитуваат за да си го заштитат здравјето.

На парламентарните избори учествуваат 15 коалиции и политички партии, од кои најголем дел веќе ги почнаа своите активности со промоција на програмите и теренски посети и средби со граѓани.

Кампањата ќе трае до 12 јули на полноќ, кога ќе настапи тридневен молк. На 13 јули ќе гласаат болните од Ковид-19, и лицата во карантин и во самоизолација, но само оние што седум дена претходно ќе се пријават за тоа. Сите останати кои до денот на гласање ќе бидат потврдени како позитивни или ќе одат во самоизолација нема да можат да гласаат на 15 јули. На 14 јули ќе гласаат болните и изнемоштените, како и затворениците и лицата кои се во притвор. Гласањето на 15 јули почнува во 7 часот наутро и ќе биде два часа продолжено и завршува во 21:00 часот.

Избирачот кој е во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и избирачките на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а сака да гласа, за тоа треба да ја извести општинската изборна комисија, најдоцна седум дена пред денот определен за гласање.

При доставувањето на известувањето, во прилог задолжително треба да се достави копија од Решение на Државен санитарен и здравствен инспекторат, и кога избирачот ќе ја достави копијата, комисијата по електронски пат потребните документи треба да ги прикачи кон барањето како скенирани прилози.

Овие лица ќе гласаат во своите домови на 13 јули.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ