• Latest

Првите пет дена со динамични онлајн активности на партиите, драстични разлики во пораките и тонот на кампањите

July 2, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Првите пет дена со динамични онлајн активности на партиите, драстични разлики во пораките и тонот на кампањите

Во поглед на содржините, забележлив е различниот пристап во интензитетот на пласманот на видео содржините на социјалните мрежи кај двете најголеми партии/коалиции: коалицијата предводена од СДСМ има подинамичен пристап во првите пет денови од кампањата и нејзини се повеќе од половината (46) од регистрираните видеоспотови.

July 2, 2020 12:56
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во првите пет дена од предизборната кампања, ЦИВИЛ бележи вкупно 212 активности на шесте политички партии кои се предмет на мониторингот (коалициите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, коалицијата Алијанса/Алтернатива и Левица), чии кампањи имаат финансиски импликации. ЦИВИЛ ја разгледува можноста да ја прошири листата на политички партии под мониторинг на организацијата во наредниот период.

Регистрирани се 81 содржини во кои партиите или други ентитети во нивна полза користат видеоспотови или видео содржини како стримови на настани во живо на социјалните мрежи (над една третина од вкупно забележаните случаи). Од нив, големо дел се продуцирани, обработени/монтирани и титлувани видеоспотови, што укажува на тоа дека овој начин на претставување, кој има значајни финансиски импликации, е важен за сите партии на стартот на кампањата.

Во поглед на содржините, забележлив е различниот пристап во интензитетот на пласманот на видео содржините на социјалните мрежи кај двете најголеми партии/коалиции: коалицијата предводена од СДСМ има подинамичен пристап во првите пет денови од кампањата и нејзини се повеќе од половината (46) од регистрираните видеоспотови. Притоа, спотовите на СДСМ и нејзините коалициски партнери главно се:

  • кратки потсетувања на постигнувањата на партијата во различни општествени сфери
  • претставувања на дневните активности на нивните кандидати за пратеници
  • трибини пренесувани во живо на Фејсбук

Од друга страна, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продуцира голем број видео содржини, но на социјалните мрежи се одлучува за пристап со помал број впечатливи предизборни видеоспотови во кои акцентот е ставен на напад врз политиките на противниците. Ваквите спотови, со сценарио и употреба на статисти, имаат повисока продукциска вредност или цена, а досега се претставени неколку такви спотови.

ВМРО-ДПМНЕ на Јутјуб објавува и посебни, скапи спотови за секој од носителите на нивните кандидатски листи. Партијата ги следи дневните активности на своите кандидати преку изјави и прес-конференции, а на Јутјуб објавува и голем број обраќања на лидерот Мицкоски со пораки на различни теми.

Демократската унија за интеграција ги користи и двата пристапи и објавува вкупно 21 видео содржина – комбинација на секојдневни активности на кандидатите, обраќања од средбите со граѓани, прес-конференции, и поскапи, но и класични предизборни видеоспотови.

Регистрирани се вкупно 61 спонзорирани содржини од сите видови на социјалните мрежи, главно на Фејсбук и неговите платформи, но може да се претпостави дека бројот на вакви случаи е далеку поголем (со оглед на ограничената можност за следење и специфичниот алгоритам за пласман на оваа социјална мрежа).

Поголемиот дел од спонзорираните објави (49) доаѓаат од официјалните страници  на двете најголеми партии/коалиции, предводени од СДСМ (29) и ВМРО-ДПМНЕ (20). Покрај ова, забележани се и пет случаи на спонзорирани објави на Фејсбук на страници блиски до двете партии, а за сега, генерално, поретко се спонзорираат објави кои имаат цел да го оцрнат противникот (само два забележани случаи).

Регистрирани се вкупно 30 случаи на делење на промотивни печатени и брендирани материјали, главно како дел на бројните собири, средби со граѓани и трибини. Забележливо е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е поактивна во ваквиот начин на претставување, а нејзини се 17 од забележаните случаи. Забележано е и адаптирање на партиите кон здравствената ситуација, па и СДСМ, чии активисти делат материјали главно на секојдневните трибини што се организираат низ градовите. И ВМРО-ДПМНЕ го прави истото – на средбите со граѓаните делат средства за дезинфекција. И двете партии имаат брендирани заштитни маски (но досега не е забележано делење на маски). Во три случаи, сите во Струмица, е регистрирано делење печатени материјали (флаери и постери) со пораки со кои се оцрнуваат противниците.

Во првите пет дена од кампањата се забележани вкупно 22 митинзи, трибини и слични собири, а забележливо е дека поради ситуацијата со епидемијата, партиите во овој сегмент имаат многу помали трошоци отколку во изминатите кампањи, поради помалиот број луѓе присутни на собирите, помалите и помалку наметливи бини, помалку озвучување, обезбедување итн. Исклучок е Алијанса за Албанците, која одржа голем митинг во Тетово со 2-3.000 луѓе, а и неколку поголеми собири во други места.

Дел од партиите на отворањето на кампањата користеа огномет и пиротехника, но и тука се забележува извесна тенденција кон поскромен приод во споредба со минатите кампањи.

Важно е да се напомене дека мониторингот на ЦИВИЛ се спроведува парцијално, врз основа на мониторинг само на шест ентитети и не целосно. Организацијата е отворена кон пријави од граѓанките и граѓаните.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ