Речиси сите политички партии го прекршуваат изборниот молк, со тоа што на Фејсбук сè уште им течат спонзорирани видеа со пропаганден материјал.
Една кандидатка за пратеник од една политичка партија објави фотографија со редниот број на партијата за која агитира да се гласа, при што на еден од коментарите кој и посочува дека не смее тоа да го прави оти го прекршува изборниот молк, на тоа кандидатката за пратеник одговара „прекршување е за тие што делат пари“.
Но, покрај официјалните Фејсбук профили на политичките партии или кандидати за пратеници, има и повеќе Фејсбук страници кои сонзорираат политички видео спотови кои се без нарачател, но, содржината е пред сè со црна пропаганда за одредена политичка партија.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ досега архивираше десетина спонзорирани пропагандни видеа и фотографии на политичките партии, но истите ќе ги објави по завршување на изборниот молк, односно по завршување на изборите.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ