• Latest
Колозова ЦИВИЛ МЕДИА

Видео анализа на Катерина Колозова: Каква Влада сакам да имаме и кој би ја водел?

August 5, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Видео анализа на Катерина Колозова: Каква Влада сакам да имаме и кој би ја водел?

August 5, 2020 17:15
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Колозова ЦИВИЛ МЕДИА

Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

Каква Влада би требало да се формира во нашата земја, со оглед на изборните резултати, потребите и очекувањата на државата, општествено-политичките состојби, кој би бил во овие услови најидеалниот модел за успешна и функционална Влада, која ќе знае како да се справи со кризни состојби, особено со Ковид кризата, која нема да запре, се прашања кои во нашиот видео разговор ги одговара универзитетската професорка и граѓанска активистка, Катерина Колозова.

„Не се занимавам со прогнози. Се занимавам со системски анализи во политиката што мене ме интересираат во начинот на владеење, што не се сведуваат само на Македонија, туку се и идеолошки теми. На пример, проблемот на илиберална демократија, авторитарно владеење, и кога ќе се рече илебирално, не се мисли на левата критика на либерализмот, туку се мисли на проектот идеолошки на Виктор Орбан или хибрдни режими, што го употребувавме и за Македонија, порано, заробена држава, како метода на хибриден режим и илиберална демократија. Мене тие прашања ме интересираат како системски, а не како дневно политички прашања. Од тој аспект ги следам работите, значи не нужно партиски прашања.

Следејќи ги овие прашања и претходните критики што ги имав кон техничката Влада, претходно, во периодот на пандемијата и вонредната состојба, критиките беа, главно во таа насока: имаше присилна извршна власт, без контрола од законодавната власт, премалку критика од страна на граѓанското општество. И тоа не е само моја анализа, на пример Студија за целиот овој период за Југоисточна Европа од Фондацијата Фридрих Еберт, каде се констатира дека во Македонија граѓанското општество воопшто не вршело улога на watch talk за цивилните, граѓанските права и еветнуалното нивно нарушување. И тогаш кога се занимавав со критика на таа преодна влада беше од тој аспект. Затоа и за новата ВЛада можам да зборувам само од аспект на овие прашања.

Каква Влада сакам да имаме? Целиот овој увод опишува каква Влада треба да имаме: која нема да биде илиберална во Орбан -овски и Груевски стил, Влада која за да не биде таква ќе гради политики на одзаробување каде што ќе има администрација која е респонзивна, отчетна, услужлива, наместо заканувачка кон граѓаните. Понатаму, Влада која во време на Ковид ќе гради флексибилни политики. Тоа  значи, со оглед дека ќе ги имаме повторно вонредни состојби и владеење што ќе биде подредено на пандемијата упте една година според мене, Влада која ќе биде внимателна кон посебните потреби кон посебните општествени групи, Влада што ќе ги почитува индивидуалните права и слободи, Влада што нема да вика полициски час за сите и да не видам жива душа надвор по никаква цена… Напротив, ВЛада која ќе овозможи со помош на технологијата почитување на индивидуалното право и одлука кога ќе се излезе во набавка, кога ќе се оди на доктор, Влада којашто нема да каже дека немате право на одење на забар, правење операција на колкот, затоа што е пандемија од Ковид-19, туку ќе биде флексибилна и полиберална Влада. Влада кој, се разбира, нема да ги стави индивидуалните права во предност, пред колективните или пред оние на социјалните малцинства, која ќе има таков нијансиран приод и која што во време на пандемија нема да каже како што кажа еден епидемиолог поблизок до десницата: човековите права и слободи се луксуз во време на пандемија.Влада која нема да звучи така автократски и султански во време на Ковид-19.

Според мене најблиску до остварување на таков тип на владеење, иако далеку од совршени, се СДСМ и Зоран Заев. Од тие причини сметам дека треба да имаме Влада која не само што е предводена само СДСМ, туку и од Зоран Заев во, според мене, каква и да е комбинација, со тоа што јас би претпочитала ДУИ да не ги видам во таа Влада, бидејќи и тие се автократи, авторитарци, тие се оние што ја поречуваа иницијативата на СДСМ за враќање на Парламентот во функција… Тоа се луѓе кои љубат егзикутива без да ги реметат ни Парламентот ни правосудство. Од тие причини ако сакаме дефинитивно расчистување со либерализмот и заробената држава треба во идната Влада да не ги видиме соучесниците на Груевски од претходната деценија… Ова се некои од причините зошто сметам дека Заев во овој период е поволно да биде премиер. Тој покажа поголеми либерални капацитети од другите.

Оние кои ме следат знаат дека ниту сега ниту тогаш, кога ја критикував претходната Влада предводена од СДСМ, дека ниту тогаш, ниту сега не зборувам партиски.  И тогаш кога ги критикував и сега кога тврдам дека, барем за нас кои имаме потреба од нијансирани политики во време на вонредна состојба, поволно време е за Влада предводена од Зеав, не само од СДСМ. Не сум сигурна дека целата партија е баш така либерална… Зошто, еве човек кој цел живот има врска со полиција или бил министер за полиција, како Оливер Спасовски, не му верувам многу дека ќе биде либерален и со сенс и не го гледам како визионер во таа идеолошка смисла. Човекот можеби е во ред, но во основа е полициски менталитет. Мислам дека и поради тоа не видов поголем отпор од негова страна кон преригорозните полициски логики на Наќе Чулев во време на преодната Влада. Не е сеедно по секоја цена да биде СДСМ, оттука важноста да биде Заев. Тоа што му замеруваат некои, а други го почитуваат, е способноста да ретерира кога ќе слушне критика на граѓанско општество, па да ги ревидира политиките, во времето на Оливер Сасовски такво нешто не видовме. Кукај, викај, нема ретерирање, туку уште поголема рестрективност што мене ме потсети на Груевски.

Способноста за дипломатија во регионот, може да се види кај Никола Димитров и Зоран Заев, не сум сигурна дека се гледа кај други. Колку и да сме ние во порекнување дека немаме проблем со Бугарија, на пример, ние имаме и Европа ни кажа дека мора да си го решиме. Не можеме да глумиме дека не постои. Истото Груевски го зборуваше 10 години дека немаме проблем со Грција, тие имаат проблем со нас, за да излезе на крај дека имаме проблем и дека треба заеднички да го решиме. ТОј сенс што се покажа со Преспанскиот договор, каде што фундаметалните засегнатости остануваат запазени и испочитувани, тој талент го покажа тој тандем Заев Димитров и ми се чини дека додека не се затворат и другите регионални прашања, важна е стабилна Влада со тие луѓе на чело…

Значи, Ковид, флексибилни политики, сепак, строги да се запази јавното здравје, сензитивни, тоа е едната причина, расчистувањето со илибералната демократија и заробувањето, пред сè во администрацијата, според мене тоа е еден од приоритетите и завршување на незавршените разговори и прашања со соседите и сето тоа ми се чини дека сето тоа е приоритетно за почеток на преговорите со ЕУ. Од овие консталации политички, овој состав ми се чини дека е најповолем или барем предводен од овие луѓе што ги спомнав. Заев треба да размисли за секакви комбинаторики. Јас едно време повикував и дека Левица би била опција, зошто да не, бидејќи навистина не сметам дека се било каква „идеолошка опасност“ од подеснување од евентуална Влада, бидејќи се малубројни, Не знам што му преостанува на Заев од комбинации, но би сакала да го видам како премиер и ДУИ да бидат малку на пауза, освен некои млади прогресивни што не доаѓаат од ерата на Груевски, па да излезат како независни пратеници.

Тоа е она што мене ми се „сонило“, како би изгледала новата Влада. А што е можно…“

обработка на текст: Б. Јордановска
монтажа: Ариан Мехмети

Share41Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ