• Latest

ЦИВИЛ ја обнови Иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите, ќе ја достави до новиот состав на Парламентот

August 8, 2020

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ ја обнови Иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите, ќе ја достави до новиот состав на Парламентот

August 8, 2020 16:57
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата против привилегиите беше покрената на 14 мај 2019 година

ЦИВИЛ ја започна Иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите на 14 мај 2019 година. Иницијативата ја поддржаа шест илјади граѓанки и граѓани во онлајн петицијата што ја започна организацијата.

Според ЦИВИЛ, бесмислено е да се трошат огромни суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош на сметка на сиромашните граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

Со оваа иницијатива, почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

Иницијативата започна со соопштение на ЦИВИЛ на 14 мај 2019, за потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми, да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот.

„Едноставно, преголемите трошоци кои ние ги имаме за апанажи, за пензии, за доживотни пензии и други издатоци кои ги користат, според законите, кои токму во овој парламентарен дом се изгласани во текот на изминатите години и децении, сметаме дека треба да бидат сериозно ревидирани и укинати, или во најголем дел да бидат редуцирани до едно пристојно нормално човечко ниво. Вака изгледа како Македонија да е еден султанат, во кој газди се оние коишто се на власт. Во било која смисла на зборот. Дали се локални шерифи, или бивши претседатели, тие едноставно го цицаат доброто на овој народ, на овие граѓанки и граѓани кои едноставно, повеќе, не можат да го издржат тој товар“, изјави Џабир Дерала на доставувањето на иницијативата пред Собранието.

На 5 јуни 2019, ЦИВИЛ ја организираше и трибината „Крај за расипништвото“, каде заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на организцијата кои се однесуваат на намалување, односно укинување на привилегиите на јавните функционери.

По трибината се формираше и работна група која работеше на конципирање и прецизирање на барањата и на конкретни предлог-законски мерки за намалувањето или целосно укинување на привилегиите на функционерите, со цел да се стави крај на неконтролираното трошење на јавните пари за луксузирање на функционерите.

ЦИВИЛ, во април годинава, повторно ја актуелизираше иницијативата. Во денови кога светската економија е на колена поради справувањето со кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 ЦИВИЛ истакна дека е крајно време да се стави крај на привилегиите на функционерите кои изминатите децении го пустошат буџетот на земјата. „Сега, повеќе од кога и да е порано, дојде време кога треба да се мисли на парите на граѓанките и граѓаните“ – беше ставот на организацијата. За време на кризата со коронавирусот, техничката влада воведе голем број мерки со кои се намали трошењето на јавните пари, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави сериозно кратење во оваа област.

Непосредно по објавувањето на иницијативата во мај 2019 година, неколку политичари, меѓу кои и сегашниот претседател Стево Пендаровски, во тоа време претседателски кандидат, ја дадоа својата поддршка.

Сепак, ЦИВИЛ со иницијативата бара далеку поголеми кратења на привилегиите на избраните и именуваните функционери. По конституирањето на Парламентот на 4 август, организацијата најавува повторно актуелизирање на ова прашање, на самиот почеток од нивниот мандат и очекува од новиот собраниски состав да ја стави оваа иницијатива на дневен ред.

Накратко, барањата на ЦИВИЛ и на граѓанската работна група се:

  • Укинување на апанажите на било кое ниво, за било која позиција.
  • Укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век.
  • Укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена.
  • Укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени. Бараме укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.
  • Драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз.
  • Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа.
  • Укинување на дискреционите овластувања на функционерите.

Деновиве, ЦИВИЛ ќе ја ревидира листата од барања и ќе ја достави до Собранието.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ