• Latest

Oтпорот на прогресивна Белорусија продолжува против 26 годишниот режим на Лукашенко

August 14, 2020

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Oтпорот на прогресивна Белорусија продолжува против 26 годишниот режим на Лукашенко

August 14, 2020 13:03
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата притвори повеќе од 2.000 лица ширум земјата, соопшти Центарот за човекови прави Виасна, во неделата на 9 август првиот ден од протестите кога беа претседателските избори во Белорусија каде за претседателското место се бореа Александар Лукашенко и главната опонентка, лидерката на опозицијата  Светлана Тихановскаја.

Александар Лукашенко е претседател на Белорусија од 1994 година и со победата на овие избори претендира да биде на власт повеќе од 30 години. И покрај многуте шпекулации дека Лунашенко би можел да ги загуби изборите, се покажа дека повторно извојува убедлива победа и доби повеќе од 80 отсто од гласовите.

Вечерта на 9 августво после завршувањето на изборите, предводени од опозицијата и Тихановскаја, во Минск почнаа да се собираат демонстранти, кои не ги признаваат резултатите од изборите и победата на Лукашенко, додека на социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледаа голем број воени возила како возат кон главниот град.

Ситуацијата во Белурусија е драматична. И медиумите јавуваат дека на улиците покрај полицијата е излезена и војската.

OMON (riot police) at the Independence Avenue in Minsk. pic.twitter.com/l568bNGGbc

— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) August 9, 2020

Некои белоруски портали шпекулираа дека и покрај победата, Луксашенко од страв дека новиот претседателски мандат би можел да предизвика нереди во Минск, тој ја напуштил земјата со претседателскиот авион  Bombardier Challenger 850 и слетал во Турција.

Полицијата се судри со демонстрантите. Протести имаше во сите поголеми градови во Белорусија.

Изборната комисија на Белорусија ги објави официјалните резултати од претседателски избори, според кои Лукашенко освои 80,23 отсто од гласовите. додека главната опонентка на Лукашенко, Светлана Тихановскаја освои 9,9 проценти од гласовите, а другите тројца кандидати освоија помалку од два отсто.

Демонстрантите извикуваа – Срамота, Срамота…!, додека членовите на изборната комисија ја напуштаа зградата во Минск.

Minsk residents are shouting "Shame! Shame!" to the members of the electoral commission leaving the building. pic.twitter.com/nz9BXf3MdY

— Franak Viačorka (@franakviacorka) August 9, 2020

На последните избори во 2015 година, Лукашенко победи со 83,5 отсто од гласовите.

Најмалку едно лице загина, а десетици се повредени. Според локалните организации за заштита на човековите права еден човек загинал откако бил прегазен од полициско комбе, додека другите демонстранти се здобиле со повреди во судирите со полицијата, е билансот од вториот ден од демонстрациите. Во Минск се повредени 50 луѓе, а над 120 во цела земја.

„Амнести интернешнл“ објави дека полицијата во Минск врз демонстрантите фрлила шест шок-бомби и истрелала неколку куршуми.

Полицијата приведе над сто лица.

Два дена после големите демонстрации против Лукашенко, опозициската кандидатка Светлана Тихановскаја,, побегна во Литванија.

– Пристигна во Литванија и е безбедна, изјави литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевисијус. Тихановскаја претходната вечер не се придружи на протестите, како што наведе, да избегне провокации.

Тихановскаја, 37-годишната професорка по англиски јазик, после објавувањето на резултатите изјави дека поголемиот број граѓани се со неа. Тихановскај според зборовите на нејзините поддршувачи, на протестите е пречекувана како вистинска рок ѕвезда.

"Света! Молодец!"

Как встретили Светлану Тихановскую перед избирательным участком в Минске pic.twitter.com/XP3tYOPPfu

— Настоящее Время (@CurrentTimeTv) August 9, 2020

Претходно. тимот на Светлана Таихановскаја ги обвини официјалните лица поради апсењето на нејзиниот менаџер, кој нема да бид пуштен на слобода до крајот на изборите. Нејзиниот сопруг Сергеј е уапсен по обидот да се регистрира како кандидат на изборите.

Европската унија. оцени дека претседателските избори во Белорусија, на кои претседателот Александар Лукашенко освои нов мандат, не биле „ниту слободни, ниту фер“.

Во изјавата на високиот претставник за безбадносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, од името на 27-те држави членки, се закани дека Брисел „ќе преземе мерки против одговорните за насилството, неоправданите апсења и фалсификување на изборните резултати“ во Белорусија.

Во меѓувреме протестите не стивнуваа. Официјалните лица од министерството за здравство на Белорусија информираа дека повеќе од 50 лица се повредени три дена после прогласувањето на победата од страна на Лукашенко.

– 51 лице е повредено и е примено во ургентни центри и болници во Белорусија, а на сите им е укажана целосна медицинска помош“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството за внатрешни работи на Белорусија соопшти дека повеќе од илјада лица кои учествувале на нелегални демонстрации се приведени за само една ноќ Истражните тела покренаа 17 кривични пријави против лица кои учествувале во нападите врз припадници на полицијата, се додава во соопштението на полицијата.

Отпорот на демонстрантите добива и нови димензии.

Стотици жени во бела облека и со бели рози и други цвеќиња во рацете формираа „жив синџир“ на Плоштадот Комаровски во Минск, во знак на солидарност со повредените за време на протестите изминатите денови во Белорусија.

Полицијата побара жените, претежно млади девојки, да се разотидaт, што тие и го направија, но набрзо се вратија на плоштадот.

Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме“.

Белоруските власти ја потврдија смртта на уште еден демонстрант, кој беше уапсен на протест во неделата вечерта. Властите соопштија дека 25-годишен маж починал во болница во јужниот град Гомел. Во изјавата не се наведува кога починал, само дека неговата здравствена состојба „одеднаш се влошила“ додека бил во притвор.

Министерството за внатрешни работи на Белорусија соопшти дека полицијата употребила боева муниција на протестот во Брест кога биле нападнати.

Уапсени се уште 700 демонстранти, на четвртиот ден од пост-изборните протести, кои беа насилно задушени. Со тоа, вкупниот број на уапсени се искачи на 6.700 од почетокот на протестите.

Министерството оцени дека немирите „го изгубиле масовниот карактер“, но дека „нивото на агресија кон безбедносните сили е сè уште високо“.

Во соопштението од белоруското МВР уште се наведува дека изминатата седмица повредени се 103 полицајци, од кои 28 се во болница. Министерството не соопшти колкав е бројот на повредените демонстранти, против кои полицијата употреби солзавец и пендреци, како и гумени куршуми и шок бомби.

Во Минск на протести излезе и дел од медицинскиот персонал, кои изразија солидарност со повредените во протестите. Исто така, своето незадоволство го изразија и музичарите од Белоруската концертна сала.

Не се поштедени ни новинарите, ни медиумите. Белоруските безбедносни агенции до сега уапсиле 64 новинари кои протестираат по претседателските избори на 9 август, соопшти белоруската Асоцијација на новинари.

Според невладината организација, 24 новинари биле задржани на 9 август, 20 други на 10 август, 12 на 11 август и уште осум на 12 август. Меѓу уапсените има претставници на белоруските медиуми, како и новинари од други земји, вклучително и Русија и Украина. Некои претставници на медиумите веќе се ослободени и депортирани од земјата.

Некои телевизиски водители и новинари кои работат за државни белоруски медиуми понудија оставка. Ова го најавија на своите профили на социјалните мрежи. Најпознати од нив се водителот на „Белорусија 1“, Евгениј Перлин, политичкиот аналитичар на ОНТ. Дмитриј Семченко, водителката од CTV, Татјана Бородина, и радиоводителот Александар Шустер.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги повика белоруските власти да го запрат насилството и без одложување  да се „вратат на патот на вистинско демократско однесување“.

Во текстот објавен на сајтот на ЕУ, Борел наведе дека белоруските власти мораат да го прекинат насилството, да ги ослободат сите арбитрерно приведени лица и да отворат дијалог со јавноста, а доколку тоа не го направат, Унијата ќе мора „да ги преиспита своите односи“ со Белорусија и да „преземе санкции против одговорните за насилствата, арбитрарните апсења и фалсификување на изборните резултати“, потенцира  шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Ј. Ѓорѓиоски/ Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ