• Latest

Избори 2020: Изборната администрација предизвикала повеќе од половина нерегуларности

August 19, 2020
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Избори 2020: Изборната администрација предизвикала повеќе од половина нерегуларности

August 19, 2020 11:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изборната администрација предизвикала повеќе од половина од нерегуларностите што на денот на вонредните парламентарни избори ги воочија набљудувачите на Цивил, покажува првичната анализа на извештаите на 314 набљудувачи. Во 421 извештај за изборни нерегуларности од набљудувачите, во 222 причинител била изборната администрација. На второ место се граѓаните, односно гласачите, во 62 случаи, а политичките партии се на четвртото место, како причинители на нерегуларности во 37 извештаи.

Повеќе од една четвртина од извештаите, или 115, имаат наведено премногу категории нерегуларности за да можат да се вбројат во која било од 16 стандардизирани категории нерегуларности. Најбројна поединечна категорија е „незаконито однесување“, со вкупно 90 инциденти, во која 64 се однесуваат на незаконитости на работата на изборните комисии, 18 на незаконито однесување на партиски структури, а остатокот на поединци.

Новата категорија нерегуларности, воведена за овој изборен циклус, односно кршење на протоколите за заштита од корона вирусот, е втора по бројот на нарушувања, со 54 извештаи каде што е главна воочена нерегуларност, и десетина во кои е една од споредните.

Набљудувачите поднесоа стотина извештаи за класични изборни нерегуларности: 29 извештаи за проблеми со избирачкиот список, 22 за нарушување на тајноста на гласањето, 20 за различни форми на закани и притисоци, 14 за семејно или групно гласање и 13 за проблеми со изборниот материјал. Покрај нив се и 10 случаи на кршење на изборниот молк, шест на непрофесионално и пристрасно однесување на набљудувачите и два случаи во кои тие биле опструирани во нивната работа. Во еден случај, во Прилеп пред ОУ „Кире Гаврилоски“ во кое се наоѓаат повеќе гласачки места, едно лице на гласање дошло со огнено оружје при што во дворот на училиштето нападнал сограѓанин. Интервенирала полицијата и лицето било приведено.

Мониторингот регистрираше и 11 случаи на злоупотреба на службената положба, од членови на избирачки одбори во телефонски контакт со партии, преку фотографирања на лични документи, до партиски активисти во улога на набљудувачи

Особено внимание предизвикуваат извештаите во кои се изразуваат сомнежи за поткуп на гласачи. Покрај 3 извештаи за купување гласови и два за корупција, такви наводи се јавуваат и во низа други извештаи, меѓу кои и оние за незаконито однесување на политичките партии.

Во извештаите за купување гласови се наведува дека во селата Жиганци и Секуларци во општина Чешиново-Облешево „член на политичка партија и советник во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ со ауди со бугарски таблици, носел пари за гласање, по куќи“. Во Гостивар, пак, во попладневните часови „ има голема раздвиженост на партиски активисти, ВМРО и СДСМ имаат ангажирано активисти да ги земаат гласачите од дома и да ги носат до местото на гласање. Во Чајле и во Балин дол во чајџилниците има партиски активисти кои ги викаат гласачите и им го запишуваат имињата.“ Извештај од Куманово наведува дека пред училиштето „Христијан Тодоровски-Карпош“ во населбата Баново Трло „џип со странски регистарски таблички е забележан како носи гласачи. Слушнат е разговор меѓу гласачка и член на ИО како гласачката потврдува дека со него дошла и тој ќе ја одведе.“

Во два извештаја се наведуваат сомнежи за корупција на гласачките места во училиштето „Ѓорѓи Пулевски“ во Аеродром, каде двајца делеле кеси со оброци, сок, сендвичи и десерти само во 3 училници на избирачките одбори, и им рекле „знаеш од кого е поздравот“, а членови на Месен комитет „Вардар“ делеле сендвичи на ИО.

Меѓу извештаите за незаконско однесување на партиски структури се наведени и следниве примери: во Прилеп членови на партии нудат и вршат превоз за слаби и изнемоштени лица кои не биле пријавени да гласаат ден пред гласањето, во Пробиштип партиски активист на СДСМ носи гласачи со кола на избирачки места во ОУ Кирил и Методиј – Злетово, во Штип организиран превоз на гласачи кружи низ градот цело утро, пријавен од граѓани, фатен како носи жена од дома на гласачко место и назад, на избирачки места на територија на општините Зрново и Карбиници, Чешиново-Облешево се појавиле набљудувачи на ДУИ кои според граѓаните вршеле поткуп.

Сомнежи за поткуп се наведуваат во уште најмалку десетина извештаи. Меѓу нив, во Аеродром за човек кој со себе водел десетина постари луѓе и ги чекал пред избирачкото место да завршат со гласањето, во Кочани две лица чекале луѓе „од ВМРО да им донесат пари за да гласаат за нив“, во Чаир каде што партија носела луѓе на гласање и во Тетово „набљудувач од ДПМНЕ, кој пушеше надвор, извади од кола една маска и му ја даде на лице кое доаѓаше да гласа, притоа му рече:,,Љупче,знаеш,14 е бројот“, а лицето му одговори: ,,Зар сум те зафркнал до сега“, и влезе да гласа.“.

На гласачките места во Радански Пат, пак, бил забележан „бугарски воз“ кај гласачите-Роми. За нив бил организиран превоз до гласачките места во ОУ „Гоце Делчев“ и назад до Радански Пат. По гласањето, пред училиштето ги чекало лице „и ги следи со црвено возило караван и на излегување лицето и ги дава личните карти каде лицата се упатуваат на Радански пат измеѓу трите згради каде ги чека друго лице кој им дава по 1000 денари“ за да гласаат за број 14. „Некои жители од Радански Пат, барале парите да им бидат исплатени бидејќи на претходните избори не им биле исплатени, и поради таа причини некои од нив одбивале да ги дадат своите лични карти“

Друг обид за „бугарски воз“ бил забележан во ОУ „25 Мај“ во Синѓелиќ, во општина Гази Баба. Според сведоштва на членови на ИО и набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, граѓанин сакал да го напушти ИМ со гласачкото ливче, а биле најдени и неважечки ливчиња со потпис, за кои еден член на ИО објаснил дека на тој начин ги бележат тие што земале пари да гласаат.

Игор К. Илиевски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    160 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ