поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Заев и Амети се согласиле на неселктивна и длабинска борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа и дека ќе се спроведе прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен и кој ќе ги земе предвид и најдобрите европски искуства.
Токму од Заев лично, од 2015 сме имале прилика да слушаме за криминалот и корупцијата на функционерите на ДУИ, со кои во коалиција беше и од 2017. и истите повторно се кандидати за составот на идната влада.
Само Заев знае зошто оваа “неселективна борба” не е спроведена досега, а ќе се спроведе во иднина.
Би било за Албанците интересно, исто така, Заев да каже со кој “силен аргумент”, што му го бараше Али, успеа да го убеди дека, сепак, не е дојдено време за прв премиер Албанец.