Прво верификација на мандатите на пратениците, а потоа доставување предлог на Влада, изјавил Зоран Заев, претседател на СДСМ и мандатар за новата Влада, за Тв21.
„Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во Парлаемнтот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до Парламентот“, одговорил Заев.
Засега нема информации за свикување на седница во Собранието. На последната седница, како продолжение на Конститутивната, Талат Џафери беше реизбран за претседател на законодавниот дом, а беа утврдени поретседателите и нивните заменици во Комисијата за избори и именувања.