• Latest
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025 16:01
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025 Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Практично би било да се обединиме. Некако да се надмине фрагментираноста, таа постои во граѓанскиот сектор. Тој сектор е во инерција и обично се активира кога ќе настане криза, и како што кажа Сефер, оваа криза што може да ни се случи, може да биде и најсериозната криза досега, вели Тони Поповски, на панелот „Демократско назадување: Импликации и последици“.

Оваа фрагментираност е специфична, во однос на политичките партии, за кои очекувам да го оформат политичкиот центар, било од центар лево, или пак центар десно. Ние и тука имаме една фрагментираност, што доколку тие не го надминат тој „партикуларизам“, партикуларни интереси, и доколку не се обидат барем во една ваква ситуација да избегнат вообичаени „флертови“ со тие што се на власт итн. , ќе имаме сериозен проблем во она што го нарекуваме одбрана на демократијата кај нас.

Наспроти фрагментирања, некаков облик на доброволни обединувања во умереното. Ние нема да видиме полза од екстремите, ги нарекуваме партиите „крајни“, бидејќи одат во крајности.

Сметам дека стратешки, е многу битно да имаме еден консолидиран центар, посочи Поповски, поставувајќи ја првата теза, односно препорака што се однесува до одбраната на демократијата.

Поповски понатаму, како втора препорака се осврна на економските прилики во земјава, во однос на тоа дека треба да се отвори дебата и да се скрати маневарскиот простор, и со која дебата би се пренасочиле кон нееднаквостите во нашето општество.

„Второ нешто, што мислам дека е препорачливо, е да отвориме дебата за економскиот модел. Но, не технократска дебата, која не е нужно да ја водат само економистите. Треба да ги отвориме прашањата како ние ќе управуваме со нееднаквостите во нашето општество, а кои стануваат се понагласени и предизвикуваат револт. Да го скратиме тој маневарски простор, да се дистрактира некое објективно незадоволство кај народот, и да се насочи како што тоа се прави,  кон политичките, верски, етнички и социјални малцинства. Мора да се потрудиме да ја вратиме дебатата повисоко во јавноста. Ова е и легитимно прашање, каде се движиме ние економски, посочува Поповски.

И трето, и не помалку битно, она што е класична слабост на центарот, а тоа е малку да си ја намалиме ароганцијата и да покажеме поголема емпатија. Ова се однесува на одредени објективни фрустрации кои сите ние ги имаме поради блокади на евроинтеграцискиот процес, и една друга феноменологија што не фрустрира повеќе од три децении. Мора да има поголема емпатија, мора да има сочувство, мора да има некаква политичка понуда која е заснована на задоволување на емоциите.

Политичкиот избор на крајот е емоционален избор. И можеби оваа е, лично сметам  дека е многу практична идеја за нас, а тоа е германскиот модел на голема коалиција, до влез во ЕУ. За да се случи тоа, неопходно е, особено ДПМНЕ да се врати на некои позиции – центар десно, карактеристични за Европската народна партија. ВМРО-ДПМНЕ осцилира  со години наназад помеѓу таа позиција центар десно, и ова што сега се нарекува патриотизам.

За голема коалиција треба германски менталитет, а ние го немаме, и да видиме дали можеби треба да се промениме. Ова се тие препораки за кои мислам дека би превенирале поголема криза, порача Поповски.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: ЦИВИЛ


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ