• Latest

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

„Демократско назадување: Импликации и последици – Научени лекции и заштита на демократијата“, настан посветен на одбраната на демократските вредности

October 15, 2025 13:44
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 9 октомври 2025 година, во Скопје се одржа панел-дискусијата „Назадување на демократијата: Импликации и последици , во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во рамките на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“.

Панелот беше посветен на предизвиците што ги носат дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како закани за демократските процеси, изборниот интегритет и медиумската слобода.
Модераторка беше Дијана Тахири од ЦИВИЛ, а панелисти беа Никица Корубин, Тони Поповски, Сашо Орданоски, Џелал Незири, Оливер Андонов, Џелал Хоџиќ и Сефер Селими.

Касале и Ресман: Повик за заедничка одбрана на демократијата

Панелот го отворија Роџер Касале и Вофганг Ресман со пораки и повик за единство и заедничка акција во одбраната на демократијата и човековите права.

Роџер Касале, поранешен пратеник и координатор на Вестминстерскиот сојуз за Украина, истакна дека сите, без разлика на политичката припадност, треба да ја негуваат љубовта кон демократијата.

„Непријателите на демократијата се подобро организирани од нејзините бранители. Прогресивните сили не треба да се плашат да кажат дека ја сакаат демократијата. Да го следиме примерот на луѓето во Украина, кои буквално гинат за слободата,“ рече Касале.

Вофганг Ресман, претседател на Нов европски форум на народите и Медија дијалог од Германија, предупреди дека руската пропаганда е присутна насекаде, но изрази оптимизам:

„Убеден сум дека демократските сили ќе успеат да го победат десничарскиот екстремизам,“ нагласи тој.

Корубин: Граѓаните се вистинските чувари на демократијата

Никица Корубин, историчар на уметноста и поранешна пратеничка, потсети дека во античка Атина чувари на демократијата биле војниците, но денес таа улога ја имаат граѓаните.

„Авторитарната свест е во постојан судир со демократската свест. Граѓаните се свесни за тоа многу повеќе од политичарите,“ истакна таа.

Препорака: Демократијата значи право на избор, а „цврстата рака“ треба да се разбере како функционален систем, не како авторитарен режим.

Орданоски: Интернетот ја продлабочува поделбата во општеството

Проф. д-р Сашо Орданоски нагласи дека интернетот, преку алгоритмите, создава затворени кругови и ја продлабочува поларизацијата.

„Интернетот ќе ја сруши демократијата – те тера да тонеш во своите ставови. Вистината не е една, а образованието е клучно,“ рече Орданоски.

Препорака: Демократијата е во криза – опозицијата е слаба, а власта покажува автократски тенденции. Ако не се обнови довербата, може да исчезне со една генерација.

Поповски: Потребен е политички центар и граѓанска обединетост

Тони Поповски, политиколог и поранешен министер, предупреди дека партизацијата и клиентелизмот го уништуваат демократскиот потенцијал.

„Имаме најмногу партиски членови по глава на жител, но тоа не значи политичка зрелост. Луѓето се зачленуваат поради интерес, а не поради идеологија,“ рече Поповски.

Препорака: Потребен е политички центар и широка граѓанска коалиција – германски модел на голема коалиција до влезот во ЕУ.

Незири: Демократија со остатоци од авторитаризам

Џелал Незири од Институтот „Бирц“ нагласи дека земјите од Балканот сè уште живеат со авторитарно наследство.

„Имаме слобода на избор, но екстремна партизација. Политичарите стануваат побогати, граѓаните посиромашни,“ рече Незири.

Препорака: Реформите мора да бидат искрени и насочени кон создавање функционална држава, а не кон лични интереси.

Андонов: Клиентелизмот ја поткопува демократијата

Оливер Андонов, професор на Воената академија, оцени дека политичките партии се претворени во систем на клиентелизам.

„Во партиите веќе не се разговара за идеологија, туку за интереси. Националните емоции често се користат против НАТО и ЕУ,“ рече Андонов.

Препорака: ЕУ треба посилно да влијае врз властите во Скопје. Македонија можеби ќе задоцни во интеграцијата, но нејзините граѓани веќе се дел од Европа.

Хоџиќ: Европскиот пат е единствен излез од кризата

Џелал Хоџиќ, лидер на СДА – Македонија, предупреди дека земјата се соочува со длабока политичка и општествена криза.

„Ги заладивме односите со сите соседи освен со Србија. Тоа значи дека се движиме кон ‘српски’ или ‘руски’ свет. Институциите не се сервис на граѓаните,“ рече Хоџиќ.

Препорака: Република Северна Македонија мора да го зачува мултиетничкиот карактер и да се движи по европскиот пат.

Селими: Граѓанскиот сектор ја одржува демократијата жива

Сефер Селими од Democracy Lab потенцира дека граѓанското општество останува клучен чувар на демократските вредности.

„Медиумите не се повеќе цензурирани, туку автоцензурирани. Демократијата умира кога има безбедносни ризици,“ рече Селими.

Препорака: Авторитарните режими се хранат од дезинформации – задачата на граѓанското општество е да ги спречи да победат.

За конференцијата

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“ се одржа од 8 до 10 октомври 2025 година во Скопје, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во партнерство со Новиот европски граѓански форум, Медија дијалог (Германија) и Вестминстерската алијанса за Украина.

Настанот беше реализиран во рамките на проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ