• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025 19:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 2 ноември во 33 општини граѓанките и граѓаните ќе излезат на гласање на вториот круг од локалните избори, додека во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Кандидатите и партиите се на терен во потрага по поддршка за победа во изборната трка. Се прават разни комбинаторики и договори за гласови и краткорочни коалиција.

Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг во Куманово

Актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Куманово од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски преку својот профил на Фејсбук соопшти дека се сретнал со претставници на Коалиција ВРЕДИ од кои, како што вели, добил поддршка за вториот круг од локалните избори.

Мециновиќ: Противкандидатот се среќава со Меџити, јас со скопјани – од таму ми беше и ќе ми биде поддршката

Денеска мојот против кандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале гласовите, од каде ќе ми дојдат гласовите, и почнува да зборува за некоја теорија на заговор, вели кандидадтот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, во изјава за медиумите

Решавање на комуналните проблеми, најави независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски-Диро за Куманово

Набавка на нова опрема за комуналното претпријатие во Куманово, субвенционирање на селекција на отпад, подобро менаџирање на претпријатието, најави на денешната прес-конференција независниот кандидат за градоначалник Горан Стојковски-Диро.

Дритон Суљејмани: ВРЕДИ стана надежта што победи и ќе победи убедливо и во вториот круг од локалните избори

Дритон Суљејмани, портпарол на Изборниот штаб на ВРЕДИ денеска во изјава за медиумите истакна дека Албанците на Локалните избори испратија јасна порака дека времето на, како што рече, лошо владеење, ароганција и измама завршила.

Координативна средба на Ѓорѓиевски со советничките групи од коалицијата – во фокус на разговорот биле првите чекори по преземањето на градот

Советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Даме Димитровски, заедно со советничките групи на нивните коалициски партнери Вреди и ЗНАМ, денеска одржаa координативна средба со кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Орце Ѓорѓиевски,

Лабудовиќ најави обезбедување 24/7 во сите градинки и училишта во Општина Центар

„Не може родителите од свој џеб да плаќаат за нешто што е законска обврска на општината. Тоа е недозволиво, но во Центар стана пракса. Јас се обврзувам дека секое училиште и секоја градинка ќе има 24-часовно физичко обезбедување. Безбедноста на децата е наш највисок приоритет“, вели Лабудовиќ.

Миран Митревски со поддршка за Димчо Атанасовски во вториот круг во Македонска Каменица

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, Миран Митревски, во oписмено соопштение ја изрази својата поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, во вториот изборен круг.

СДСМ: Ја продолжуваме битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг

СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат, се наведува во соопштение на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот крах на СДС е политичка казна за елитизмот и одлепеноста од народот, Филипче е без кредибилитет да си поднесе оставка 

СДС на локалните избори доживеа фијаско. Крахот на СДС, на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев се должи на ароганцијата и е последица на одлепеност од реалноста и реалните проблеми на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

ГОВОР НА ОМРАЗА И ЛАЖНИ ВЕСТИ

Експлицитен и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница во Неготино упати новоизбраниот советник од партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК), Љубе Темелков.

Во своја објава на социјалната мрежа Фејсбук на 20 октомври, ден по гласањето на првиот круг за Локални избори 2025, Темелков навредливо напиша:

„Ѓупците од Криволак со ѓупска работа решаваат со нас 15.000 во Неготино дали ќе живееме во здрава животна средина или ќе нè заебаваат во здрав памет со платени гласови… Тоа не може да биде и на Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“, вели меѓу другото новоизбраниот советник Темелков.

АНАЛИЗИ 

Според тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ) забележливо е зголемено руско влијание врз локалните избори 2025 година, како во предизборните активности, така и на самите избори, кое се движи по три канали – директно преку учество на проруски партии во изборната трка, нетранспарентно финансирање на политички партии кои учествуваат во изборите од страна на олигарси кои имаат тесни врски со Русија преку разработени бизнис релации, и индиректно преку руските пропагандни наративи кои се пласираат во дел од македонските медиуми, пишува Драган Мишев во анализата „Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите“.

Подготви: М. Д. 

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ