Иако не се знае точниот број на членови на ВМРО-ДПМНЕ што се организираа во Иницијативен одмор за свикување на вонреден конгрес на партијата и поднесување оставка на Христијан Мицкоски од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, тие не отстапуваат од своите барања за промени.
На денешната прес-конференција тие изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се врати на вистинскиот пат и дека внатрепартиските поделби мора да се надминат. Единствен начин е сегашниот претседател, Мицкоски, да свика вонреден конгрес.
На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на тема Заев, Спасовски и нивното идно владеење, на новинарско прашање околу барањето на иницијативниот одбор се одговори дека до нив, како политичка партија не стигнало барање „од тој таканаречен, самонаречен иницијативен одбор или како и да е“ и доколку добијат ќе одговорат и одлучат соодветно.
Од Мицкоски уште нема никаков коментар.
Б. Ј.