„Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ во следниот четиригодишен мандат е воспоставување на ред, правда, дисциплина во државата, како и силна, неселктивна борба против криминалот и корупцијата на сите нивоа“, стои во денешното соопштение на СДСМ.
Како што велат од партијата една од задачите на новата влада ќе биде обезбедување ред и дисциплина во сите институции, расчистување со криминалот и корупцијата на сите нивоа, проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер, како и санкции за оние кај кои е утврдено нечесно работење, процес на прочистување на судството, како и конечна разрешница на предметите од Специјалното јавно обвинителство.
„Ред дисциплина и правда е еден од нашите столбови на којшто се обврзавме и тоа ќе го испорачаме во следниот период“, велат од СДСМ.
Предлогот за новата Влада до Собранието се очекува да се поднесе утре, со оглед на очекувањата денешната собраниска седница, за утврдување на потпретседателите и верификација на мандатите на пратениците кои влегуваат на местата на оние пратеници што ќе преземат други функции во извршната власт, ќе трае до доцна во ноќта.