• Latest

Поткуп, закани за бркање од работа, Мицкоски го прекрши изборниот молк – незаконско однесување на партиски структури на денот на изборите

August 28, 2020

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поткуп, закани за бркање од работа, Мицкоски го прекрши изборниот молк – незаконско однесување на партиски структури на денот на изборите

August 28, 2020 14:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од поткуп до закани за губење на работното место, барање на противуслуги, гласање со партиски симболи, носење на гласачи до избирачко место со возила, агитирање и кршење на изборен молк -ова се дел од незаконитостите забележани на денот на предвремените парламентарни избори на 15 јули, извршени од различни партиски структури. Овие опструкции се забележани во мониторингот на набљудувачите на ЦИВИЛ која ги мониторираше и изборите на 15 јули 2020 година.

Најчесто, прекршители на законите се членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Демократската унија за интеграции (ДУИ) и СДСМ.

Меѓу најеклатантните начини на непочитување на законите е поткупот, кој е забележан во повеќе изборни единици. Во мониторингот на ЦИВИЛ нотирани се и заплашувања и притисоци од поранешен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, агитирање и закани за загуба на работно место или деградација на истото од директор на претпријатие, член на СДСМ, па дури и закани по живот од членови на ДУИ.

Изборна единица 1:

Во Општина Сарај, на повеќе избирачки места, како и во селото Рашче, забележани се членови на ДУИ како се закануваат да се гласа за нивната партија.

Во ИМ 2693, 2694 и 2695, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, гласач влегол да гласа со партиски симболи на ВМРО-ДПМНЕ, било интервенирано од полицијата и лицето било приведено..

Во ИМ 2651/1 во ОУ„ Димо Хаџи-Димов“ населба Влае, општина Карпош кога се очекувало да гласа претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, собрани се новинари и поддржувачи во изборното место. ИО се жали дека се нарушува мирот и атмосферата за гласање. Во училишниот двор имало поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изборните места 2690, 2691, 2692, ОУ„ Ѓорѓија Пулевски“, населба Аеродром Двајца влегле на избирачките места со кеси полни со јадење (сендвичи и благо) и сокови, ги поделиле во три училници и рекле „знаеш од кого е поздравот“.

Изборна единица 2:

Во ИМ 2941, ОУ „Исмаил Кадаре“ во Чаир, пред училиштето има група од околу 20 луѓе, претежно млади Албанци, кои се тука присутни подолго време. Во близина има кафуле што важи за неофицијално собиралиште на активисти на ДУИ и е полно со луѓе, можеби 50 и тоа е таа група што „стражари“ пред влезот на училиштето.

Изборна единица 3:

Во изборните места 2170 и 2179 во Велес (ИЕ3), надвор во дворот имало групирање на членови од здружението Антон Лазов-Ќосето и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. По интервенција на полиција заминале.

Во Општина Чешиново-Облешево, во селата Жиганци и Секуларци (ИЕ3) член на политичка партија и советник во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, со автомобил марка „ауди“, со бугарски регистарски ознаки, носел пари по куќи како поткуп.

Во ИМ 1566, во ОУ„Кирил и Методиј“ – Злетово, во Пробиштип (ИЕ3). Партиски активист на СДСМ носел гласачи со возило на избирачки места, во споменатото училиште.

На ИМ 1684, во ОУ „Кирил и Методиј“ во Свети Николе (ИЕ3) , набљудувач од АКСИОС 2017 е препознат како Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Св.Николе – Дејан Владев. Почнал да им се обраќа на другите набљудувачи, да ги брка, да кажува дека „тие се партиски и не смеат да се тука“. Атмосферата станала тензична. Додека се случува ова, Претседателот на ИО бил на пауза. Кога се вратил, зборувал со Дејан Владев и рекол дека нема потреба инцидентот да влезе во записник.

Во избирачки места на територија на општините Зрново/ Карбиници, Чешиново -Облешево во Кочани (ИЕ3), има дојава од граѓани дека набљудувачи и партиски структури од ДУИ вршеле поткуп на гласачи.

Во ИМ 838, 837, 837/1, 83/1, во средното училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани има повеќе пријави на граѓани дека член на ОИК Лазар Стефанов, воедно и лично обезбедување на кандидатот за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, агитира и заплашува гласачи да гласаат за број 14 пред избирачкото место.

Во 0856 во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани, член на ДИК, партиски активист на ДУИ со списоци зад избирачко место во училиштето. Лицето се вика Ангелчо Тасев, вработен во Македонски Пошти, денеска член на ДИК, на пладне приведен за агитирање па пуштен.

Во ИМ 2268, 2258, 2266 во ООУ „Тошо Арсов“ во Штип, во дворот на гласачкото место биле забележани партиски активисти кои со списоци запишувале/броеле кој влегува да гласа. Пред училиштето Тошо Арсов повторно две воџила до партиски активисти од ВМРО-ДПМНЕ фотографираат со телефоните кои им се наместени на крововите на сите три возила. Еден од нив ја вклучил камерата, набљудувачот лично го видел. На истоото место набљудувач добил пријава го граѓанин дека го сликале.

Забележани две лица, поточно Иљо и Радојка Јованови кои живеат на улица Ѓорче Петров во Кочани, чекаат лица од ВМРО-ДПМНЕ да им донесат пари за да гласаат за нив.

Во ИМ 0014, село Русиново во Берово, човек со партиско возило на ВМРО ДПМНЕ, вози гласачи и разговара со службено лице поставено на местото на гласањето.

Изборна единица 4:

Во ИМ 1351 и 1354, во ОУ „Гоце Делчев“ и СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, членови на партии нудат и вршат превоз за слаби и изнемоштени лица кои не биле пријавени да гласаат во текот на вчерашниот ден (14 јули 2020) кога беше ден за гласање на болни, хронично болни, изнемоштени, притворени и затвореници.

Граѓанин од Прилеп со поплаки за закани дека ќе го загуби работното место доколку не гласа за СДСМ. Според пријавувачот, телефонски му се заканувал В.Д.директорот на ЈП Пазари Прилеп – Кристијан Илиески.

Во ИМ 1352 во Прилеп. набљудувач од политичка партија (не е забележано која) побарал од ИО да погледнат во избирачкиот список и да му кажат кои граѓани гласале, со име и со презиме.

Во Гевгелија, поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Иван Франгов, е активиран заедно со Борче Наумовски да придобиваат луѓе за да гласаат, со изговор дека им помогнал кога бил градоначалник. Се јавуваат по телефони и вршат притисок, дури има и закани.

Изборна единица 6:

Во Гостивaр активисти на Коалиција „Можеме“ делеле флаери, потоа активисти на ДУИ ги пресретнале и спречен е физички напад, при што претседателот на локалната самоуправа и активисти на ДУИ. Двајцата се приведени во полициската станица Дебреште.

Во ИЕ 2042, Брвеница, село Милетино, (ИЕ6) набљудувач на ДУИ без овластување седи на набљудувачко место. Дел од Избирачкиот одбор му се обратил да излезе додека не му донесат овластување, но истиот член на ДУИ не го напушта местото.

Во ИМ 1097, присутните не се придржуваат до пропишаното растојание од два метри поради заштита од Ковид-19. Набљудувачите на ДПА и на Алијанса за Албанците немаат ракавици. Носат само заштитни маски. Член на ИО им рекол дека не мора да носат. И самиот претседател на ИО не носел ракавици.

Во Гостивар во попладневниве часови има голема раздвиженост на партиски активисти, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ангажирале активисти да ги земаат гласачите од дома и да ги носат до местото на гласање. Во Чајле и во Балин дол во чајџилниците има партиски активисти кои ги викаат гласачите и им го запишуваат имињата. Ова е забележано кај чајџилницата во близина на избирачкото место 433 во Балин дол и 404 во Чајле.

*

Кршење на изборен молк

Агитирање и кршење на изборен молк ЦИВИЛ нотираше на повеќе изборни места. Најзабележително е кршењето на предизборниот молк од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во ИЕ 2659/1, ОУ„Димо Хаџи Димов“, населба Влае, општина Карпош, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кога дојде на гласање, во изјавата за медиуми го прекрши изборниот молк со тоа што отворено повикувал граѓаните да гласат за неговата опција и за рушење на Зоран Заев.

*

ЦИВИЛ го мониторираше изборниот процес на целата територија на републиката. Покрај за непочитувањето на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, незаконитостите од страна на партиските структури, набљудувачите, гласачите, ЦИВИЛ ги нотира и алармира и за опструкциите и направени од изборната администрација.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    159 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ