На денешното продолжение на собраниската седница за избор на нова Влада, мандатарот Зоран Заев се соочуваше лично со обвинувањата на опозицијата и им одговори на истите.
Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, новата Влада ја нарече „Топ Шоп“ влада, која секогаш нуди нешто. На ова возврати Заев, кој опозицијата ја нарече „Дормео опозиција“, која спиела кога се носеле важни одлуки за земјата. Заев истакна исто така дека ВМРО-ДПМНЕ губи се повеќе поради нивните закани кон власта.
„Господине Игор Јанушев тешка е помислата дека уште 4 години ќе бидете во опозиција, нема топ шоп влада, туку Дормео опозиција. Преспавте додека се решаваа прашањата и отворените проблеми, го истеравте народот од државата, немавте став ни храброст кога требаше одлуки да се носат, огромна е фрустрацијата и комплексот, нема повеќе пари од ЈСП и од Камчев”, изјави Заев.
Денеска се очекува да заврши дискусијата и пред вечерните часови да се стави на гласање новиот состав на Владата и владината програма.
А. Зеќири