• Latest

Заев со амбасадорите од ЕУ: Приоритети евоинтеграцијата и темелна реформи на целото општество

September 3, 2020
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев со амбасадорите од ЕУ: Приоритети евоинтеграцијата и темелна реформи на целото општество

September 3, 2020 15:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за правда Бојан Маричиќ и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи, денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во нашата држава, соопшти владината прес-служба.

На брифингот премиерот Заев во име на Владата ги презентираше стратешките приоритети во следниот четиригодишен мандат со посебен осврт на евроатланските интеграции на земјата.

Заев рече дека изминатиот мандат на Владата направи комплетен пресврт во надворешната политика на земјата, отворање и решавање на децениските спорови со соседите, членство во НАТО и го отпочна трансформацискиот процес за приклучување кон ЕУ.

– Овој мандат ќе биде посветен кон темелни реформи на целото општество. Свесни сме за предизвиците кои корона кризата ги носи, но сепак ќе останеме целосно фокусирани на реформите во правосудството, градење на нова трансформирана економија, заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард на сите категории на граѓани во нашата земја. Имаме план за отворање на 80% поглавја до 2024, да доизградиме силна преговарачка структура со учество на сите чинители, креирање на буџетски програми за преговори со ЕУ. Ја зајакнуваме кадровска екипираност и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка за капацитети за имплементација на ИПА 3, изјави Заев.

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски пред амбасадорите ги презентираше приоритетите на неговиот кабинет.

– Во овој мандат, ја воспоставивме оваа позиција затоа што сметавме дека е потребно да имаме директен линк помеѓу Комисијата за спречување на корупција со извршната власт според препораките на ГРЕКО од март 2019 година. Дополнително приоритет на мојот кабинет ќе биде одржлив развој и човечките ресурси. Мора да направиме чекор напред кон подобрување на образованието, животната средина, здравството но и бизнис климата за сите граѓани на нашата држава, рече Николовски.

Новиот министер за надворешни работи Бујар Османи ги претстави трите клучни приоритети на надворешната политика на земјата кои соодветствуваат со стратешките амбиции за засилена европска и евроатланска интеграција.

– Првиот фокус ни е секако почетокот на преговорите со ЕУ, како клучен чекор во остварувањето на нашата стратешка амбиција, полноправно членство во Унијата. Во овој дел секако очекуваме континуитет на поддршката и од нашиот стратешки партнер, САД и на останатите НАТО сојузници, кои се и наши долгогодишни поддржувачи од секој аспект. Секако, во сличен контекст очекувам да оствариме не само континуитет, туку и засилена активност во продлабочување и унапредување на добрососедските односи, засилување на мултилатерализмот и придонес во имплементацијата на сите регионални иницијативи“, посочи Османи.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека одлуката за почеток на преговорите најмногу говори за нашата посветеност за правда и европеизација.

– Заедно со нашите партнери ќе утврдиме модел кој ќе обезбеди ефикасно и објективно прочистување на судството. Потребен е ефикасен правосуден систем кој ќе обезбеди брза борба против корупцијата со целосно почитување на човековите права. Со поддршка на нашите европски партнери ќе обезбедиме и мониторинг на судските процеси, рече Маричиќ.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во име на Европската Унија ги пренесе очекувањата за брзи и квалитетни реформи, но и посочи дека европските партнери на Северна Македонија остануваат доследно посветени на помош за земјата во пребродување на последиците кои настанаа од корона кризата и реформските зафати на новата Влада.

Амбасадорите ги пренесоа и честитките на нивните влади, како и очекувањата за понатамошна интензивна соработка како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ