Министерот за земјоделие, Аријанит Хоџа, денеска реагираше на непочитувањето на договорените цени меѓу Владата и Тиквеш. Според Хоџа, денес е објавен ценовник од винарската визба “Тиквеш” кој е некоректен и спротивно од тоа што првично го договориле на состанокот со сите винарии, во кој состанок учествуваше и преставник на винарската визба „Тиквеш”.
„Договорот е овој: „9 денари за откуп за Смедеревка, 11 денари за Вранец. Од државата ќе се субвенционираат индивидуалните производителите со дополнителни 4 денари со што ќе ја постигнеме ланската цена.
– 2 денари субвенција ќе помогнеме и за високосортното винско грозје.
Тоа што плус се договоривме беше како да им помогнеме и на винарските визби во делот на извоз на наливно и флаширано вино, но остана само да ја утврдиме методологијата за субвенционирање на 30 отсто на транспортот на флаширано вино односно 20 отсто на транспортот на наливното вино.
Од ова што првично сме договорени ние немаме намера да остапиме, така да очекувам од винарската визба „Тиквеш” да го повлече овој ценовник и да постапи според договореното на заедничкиот состанок“, реагира министерот Хоџа.

Министерот ја објави својата реакција на социјалните мрежи каде што истакна фотографија со ценовникот на Тиквеш, од кој се гледаат различни цени од оние што биле договорени.