„Токму нам, на сегашните генерации ни припадна привилегијата, но и одговорноста да ја освоиме независноста и да ја зачуваме и развиваме македонската држава, затоа што државата и општеството се независни и слободни толку колку што е независен и слободен секој граѓанин на Северна Македонија.“ Изјави премиерот Заев
„Самостојноста и самотијата не одат рака под рака. Денеска, 29 години од прогласување на самојстојноста, татковината има најмногу пријатели! Благодарение на тоа, годинава со кренати чела,слободни и отворени кон светот , ја славиме независноста.
Денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност.
Нашето место во Обединетите нации е кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани„ истакна Заев во своето обраќање.
„Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Новата Влада влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. Таа ќе биде најважната приказна. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон. А, ние како Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес, кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правдата кој ќе им служи на сите граѓани“ порача Заев