• Latest

Обвинителството со претрес на фирми преку кои ВМРО-ДПМНЕ се рекламирала за време на изборите

September 16, 2020

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Обвинителството со претрес на фирми преку кои ВМРО-ДПМНЕ се рекламирала за време на изборите

September 16, 2020 13:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција заедно со Одделот за организиран криминал во МВР влегле утринава во неколку фирми кои основале портали преку кои, според сомневањата, раководството на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребило пари на граѓаните во кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули, пренесува сдк.мк.

Сомневањата, како што дознаваат од сдк.мк, се дека е прекршен членот 76-д од Изборниот законик кој пропишува дека сумата која може да се исплати на еден електронски медиум и печатени медиуми, од страна на еден учесник во изборниот процес, во случајов ВМРО-ДПМНЕ, не може да биде повисока од 15 илјади евра без пресметан ДДВ.

Обвинителството се сомнева дека партијата направила злоупотреби на штета на Буџетот на РСМ, од каде што се финансираат кампањите, со тоа што платила политичко рекламирање на интернет портали кои постојат кратко време и се со мала посетеност. Порталите, според сомневањата, биле формирани наменски пред изборите, без импресум, адреса седиште и што е најважно, немале ценовник за рекламирање на партиите. СДК дознава дека шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска ќе ги проверува и наводите за слични  злоупотреби на други две парламентарни партии.

Мониторингот на ЦИВИЛ евидентираше и 46 случаи на скриено рекламирање и кампања, „маскирани“ како други содржини, и 19 случаи на платено политичко рекламирање вон законски утврдените правила, како транспаренти и банери „случајно“ поставени на јавни места за време на предвремените парламентарни избори.

Како што објави ЦИВИЛ Медиа, непосредно по завршување на предвремените парламентарни избори, проблематични се и извештаите за донациите на шесте политички партии и коалиции кои освоија пратенички места, веднаш се забележуваат извесни разлики во донираните суми, во пристапот на финансирање преку донациите, но и во начинот на кој тие се претставени пред државните ревизори.

Во анализата на Жарко Настоски „Политичко финансирање: Кој и колку донирал во партиите и како се прикажани финансиите?“, објавена на ЦИВИЛ Медиа на 28 јули 2020, се вели дека ако се водиме според виденото во изминатите изборни кампањи, може да се заклучи дека системот кој го контролира финансирањето на партиските кампањи не е совршен и дека тој и натаму нуди извесни можности за злоупотреби или во најмала рака изигрување на правилата околу трошоците кои партиите ги имаат во кампањата.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ