• Latest

МЖСПП: Сите 17 мерни инструменти и мобилната станица се во функција, не работат поедини инструменти во неколку од нив

September 21, 2020

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025

Изгаснат пожарот во Трубарево

September 15, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025

Уништени над 100 парчиња оружје, 4 тони марихуана и над 21 килограми амфетамини, кокаин и хероин

September 15, 2025

Војната против Украина: Женски перспективи – јавна дискусија поврзана со книгата „Градот каде започна војната“

September 15, 2025

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

МЖСПП: Сите 17 мерни инструменти и мобилната станица се во функција, не работат поедини инструменти во неколку од нив

September 21, 2020 14:53
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Концентациите на ПМ10 честичките и ПМ 2.5 во моментов не се мерат на четири мерни места во земјава во Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која е лоцирана во Ѓорче Петров. Причини се кај дел технички проблеми, а кај дел поради дотраеност.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека  од вкупно 17 мерни станици и една мобилна  во моментов сите се во функција и дека во мерните станица постојат по пет мерни инструменти за мерење на пет различни параметри, а оти во одделни мерни станици само поедини мерни инструменти не работат.

-Мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во  Карпош и Струмица се исклучени поради технички проблем.  Мерните инструменти за мерење на PM10 од мерните станици Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години.    Мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар кои не се во функција се од производителот Orion, и за нив нема резервни делови поради престанок на работа на фабриката. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители, појаснуваат од Министерството.

Додаваат дека во текот на оваа година во тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП.

Оттаму истакнуваат дека седум  нови мерни инструменти за O3 (озон),седум  нови мерни инструменти за SO2 (сулфур двооксид), седум нови мерни инструменти за CO (јаглерод моноксид), два нови автоматски мерни инструменти за мерење на PM2.5(суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри), два нови секвенцијални нисковолуменски семплери за мерење на PM10 и PM2.5, седум нови сета од метеоролошки сензори за мерење брзина и насока на ветар, атмосферски притисок, влажност, глобална радијација, надворешна температура, како и кула за калибрација на автоматски мерни инструменти за PM10 и PM2.5 се набавуваат преку јавна набавка од Буџетот на МЖСПП за 2020 година. Би требало да се стават во функција во првата половина од месец декември 2020 година.

Се врши набавка на опрема преку IPA-CBC проект. Како што наведуваат  потпишан е договор и краен рок за испорака и оперативност на опремата е крајот на месец октомври 2020 година. Со оваа набавка, додаваат, ќе се инсталира нова мерна станица во Општина Гевгелија со сите мерни инструменти (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори), како и замена на сите мерни инструменти при што ќе се додадат и инструменти за мерење на нови параметри од мерната станица Битола 1 (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори).

Преку СИДА проект се набавува опрема која се состои од 27 инструменти. Краен рок за доставување понуди е 3 септември 2020 година и се очекува да биде испорачана до крајот на годината и дополнитело се прави набавка на опрема преку IPA2 проект za [to tендерската документација е подготвена и се очекува објава на тендерот најдоцна до крајот на годината.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ