• Latest

Пратеничката група на Беса ќе настапува самостојно, им фали уште еден пратеник

September 22, 2020
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратеничката група на Беса ќе настапува самостојно, им фали уште еден пратеник

September 22, 2020 09:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Месец и половина по конституирањето на Собранието и една недела од формирањето на пратеничките групи, Беса реши дека во иднина во парламентот ќе делува самостојно.

Во дописот на Беса, доставен до претседателот на Собранието Талат Џафери се потпишани четворицата пратеници Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадиљ Зендели и Бастри Бајрами, во кој се наведува дека ќе делуваат независно.  Кастриот Реџепи, кој ќе ги координира пратениците од оваа партија вели дека тоа не значи напуштање на коалицијата.

Лидерот на Беса, Билал Касами најави дека Владата предводена од СДСМ ќе добие уште поголема поддршка во парламентот, преку зголемување на мнозинството.

-За прв пат по долги години ќе имаме Влада која ќе го реализира својот четири годишен мандат, имаме многу работа и многу проекти кои се во интерес на граѓаните, порача Касами.

Тој не откри конкретно кои пратеници ја најавиле поддршката на новата Влада, но рече дека со други пратеници во иднина ќе се зголеми парламентарното мнозинство во Собранието.

Откако во јавноста синоќа се пласираа информации дека движењето Беса ја напушта коалицијата со СДСМ, лидерот Касами во синоќешното издание на  „Click Plus“ на ТВ21 рече дека тие никогаш не бил дел од СДСМ.

„Беса никогаш не била дел од СДСМ, туку ние сме дел од коалицијата „Можеме“, рече Касами.

„Ова не е напуштање на коалицијата, туку да се организираме подобро и да работиме поефикасно како БЕСА во парламентот. Немаме никакви проблеми со коалицијата Можеме и оваа одлука да бидеме надвор од неа не значи дека нема да даваме поддршка на законите кои ќе ги иницира власта. Одвојувањето ни е важно да бидеме поблиску до гласачкото тело.“, вели Кастриот Реџепи.

БЕСА има четворица пратеници кои ги доби од заедничките листи со СДСМ. Костадин Костадинов, за ТВ21 рече дека ваквата одлука ја донесе заеднички.

За да се формира пратеничка група според Деловникот потребни се најмалку пет пратеници, со што БЕСА нема да не може и формално да поднесе барање за пратеничка група.

Во моментов, владината коалиција е поддржана од вкупно 62 пратеници.

Д. Тахири 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ