• Latest
Зоран Заев / фото: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Заев: Мешовитата комисија треба да го решава прашањето за Гоце Делчев

September 28, 2020

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Мешовитата комисија треба да го решава прашањето за Гоце Делчев

September 28, 2020 19:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Зоран Заев / фото: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Зоран Заев / фото: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Историјата е многу важна и за двете страни, но тоа мора да биде појдовна основа за градење на иднината. Самиот договор и обврската преземена и од Северна Македонија и од Бугарија е двете страни да ги изнаоѓаат историските периоди и личности низ призмата на добрососедството. Како што беше постигнат договор за добрососедство и за пет историски лика, верувам дека ќе постигнеме договор и за Гоце Делчев. Само да не се обидува ниту една страна да си присвои нешто, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

Нагласи дека е важно е да се разграничи дека ова е прашање на мешовитата Комисија, а не на политиката.

– Сакаме Комисијата како што ги реши и Свети Кирил и Методиј, и Свети Наум, и Климент Охридски и Цар Самоил во духот на таа заедничка историја, за заедничко славање, верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев. Наше е да ги охрабриме, изјави Заев вечерва во интервју на Канал 5 телевизија.

Борисов, рече Заев, е мој личен пријател и со сите договори во изминатите години само го јакнеме тоа пријателство.

– Договорот со Бугарија многу јасно предвидува градење на единство, на добрососедство и на пријателство. Договорот е двонасочна улица и двете страни имаат обврска. Нашиот исчекор беше прифаќањето на заедничка историја, исчекорот на Бугарија беше двата народи и македонскиот и бугарскиот народ и е потпишана на македонски и на бугарски јазик. Апсолутно идентитетските прашања, ниту една европска земја, ниту влада, ниту политика треба да ги става под прашање. Тоа е прашање на самоидентификација, изјави Заев.

Важно е, нагласи Заев, дека Бугарија зема низ тој договор обврска да не поддржува во нашите европски и евроатлантски интеграции.

– Со Борисов разговаравме за Берлинскиот процес и како тоа да го организираме и како да ги мотивираме европските лидери да ни дојдат, оти одлучивме со физичко присиство да го правиме тоа. Тоа е 10 ноември, а потоа разговаравме и за економијата, изјави Заев.

Тој посочи дека во телефонскиот разговор со Борисов станало збор и за совладувањето на здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 и унапредување на економската соработка.

– Мудрите и паметни политики на неизбрзување, ја направија Република Северна Македонија да биде успешна во исполнување на своите стратешки цели од коишто пак зависи и животот дома, економски и перспективен за сите граѓани, оцени премиерот Заев во врска со прашањето дека Владата не реагираше на Меморандумот кој се појави во јавноста, дека Бугарија поставува услови за Северна Македонија од кои зависи преговарачкиот процес на земјата.

Заев повтори дека е потребна внимателност и да се даде шанса за постигнување на решенија. Тој посочи, дека изминатите 30 години, не научија дека така не се решаваат проблемите, туку само се таложат.

– Затоа и времето покажа, со Преспанскиот договор со Грција и Договорот со Бугарија дека политичарите кои носат храбри одлуки за својата земја, не значи дека губат избори, граѓаните знаат и да ги наградат, оцени Заев.

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ