• Latest

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025 12:58
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Белгискиот премиер Барт де Вевер за утре закажа вонредна седница на Советот за национална безбедност на Белгија, на која главна тема ќе бидат зачестените инциденти со појавата на дронови над аеродроми и воени бази во земјата.

Седницата е закажана на предлог на министерот за внатрешни работи Бернар Квинтан, кој синоќа по временото затворање на аеродромите во Брисел и Лиеж поради забележани дронови во нивниот воздушен простор, побара од премиерот Де Вевер да го свика Советот.

Советот за национална безбедност на Белгија го сочинуваат премиерот, кој е и негов претседавач, вицепремиерите, министрите за правда, за одбрана и за внатрешни и надворешни работи, како и раководители на безбедносните служби.

Претпладнево во врска со инцидентите заседава и Комитетот за национална одбрана на белгискиот Парламент, на која министерот за одбрана Тео Франкен ги брифира пратениците за проблемите со дроновите, кои зачестија последниве недели.

Пред почетокот на седницата на Комитетот, пратеничката Аник Понтие од опозициската екстремно десничарска партија Фламански интерес (ВБ) изјави дека овие инциденти ги изнеле на виделина последиците од „деинвестирањето“ во безбедноста на земјата.

Покрај синоќа регистрираните дронови над аеродромите во Брисел и Лиеж, во текот на денот беспилотни летала беа забележани и над воените бази „Клајне-Брогел“ и „Флорен“, а според најновите информации и над базата „Схафен“ во близина на градот Дист.

Воздухопловната база „Клајне-Брогел“, во која се сместени припадници на силите на НАТО и се претпоставува дека во неа е складирано американско нуклеарно оружје, е во состојба на зголемена борбена готовност откако претходно над неа беа забележани дронови три ноќи по ред, од петокот, до неделата. Во оваа база се стационирани белгиските ловци Ф-16, а од 2027 година таму треба да бидат лоцирани и новите борбени авиони Ф-35, што Белгија неодамна ги нарача од САД.

Изминатиов период дронови беа регистрирани и над уште три белгиски бази. Потеклото на овие дронови останува непознато и иако сомнежите се насочени кон Русија, Министерството за одбрана на Белгија нема докази за да може да ги потврди овие претпоставки, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ