• Latest

Прогласувањето на Шара за национален парк е во заложништво на концесиите за мали хидроцентрали

September 28, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прогласувањето на Шара за национален парк е во заложништво на концесиите за мали хидроцентрали

September 28, 2020 19:59
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заробување на малите реки и осудување на смрт на целиот биодиверзитет во околината е последицата од огромниот број на концесии за мали хидроцентрали кои ниту од далеку немаат сериозен придонес кон енергетската слика во земјава.

Граѓанските организации апелираат Владата, ако треба и на своја штета, да ги раскине договорите за мали хидроцентрали кои се издадени, но не се изградени и да спаси десетици реки, а со тоа и животот околу нив. Апелите, особено се силни за Шар Планина, каде се изградени 11, а треба да се градат уште 15 вакви објекти, иако во тек е процедурата за прогласување за национален парк. Ставот на екологистите е дека штетата од изградбата на енергетски објекти во заштитено подрачје, во кое има огромен број ендемични или загрозени видови со извонредна вредност е немерливо поголема и пострашна.

Од невладината организација „Еко свест“ сметаат дека како подрачје со исклучителни вредности, ретки и ендемски видови и уникатни екосистеми, Шар Планина одамна требаше да биде прогласена за за заштитено подрачје – национален парк. Проблемот е што концесиите за мали хидроелектрани кои се веќе издадени можат да се изградат и покрај постапката за прогласување за заштитено подрачје, па на некој начин го ставаат во заложништво целиот процес за прогласување бидејќи се во контраст со примарната функција на заштитеното подрачје.

„Владата требаше и по сопствена штета да ги раскине договорите за изградба на мали хидроцентрали на Шара, бидејќи и самата ги издала во спротивност со плановите за заштита на ова подрачје. Во моментот се соочуваме со ситуација каде сакаме и да заштитиме и да ги исполниме обврските од издадените концесии, а двете работи заедно се скоро невозможни“, велат од „Еко свест“.

Министерството за животна средина неодамна го објави текстот на Нацрт законот за прогласување на Шар Планина за национален парк, за кој наскоро ќе бидат организирани и јавни расправи, пред да се финализира процесот. Целта за заштита на ова подрачје, според овој акт, е зачувувањето на автентичната состојба на природата, како и спречување на дејствија што можат да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите. Актот предвидува создвање поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.

Изградбата на мали хидроцентрали, пак, спротивно на овие заложби,  прави многу штета каде и да се постават, а особено во подрачје кое треба да биде заштитено. Особено кога сме во трка да се справиме со последиците од климатските промени, кога водата станува скапоцен ресурс без кој нема да имаме храна и без кој здравјето на граѓаните ќе биде нарушено. Истражувањата на „Еко свест“ покажуваат дека зафатите на малите хидроцентрали ги нарушуваат речниот тек и коритото, а со тоа го уништуваат слатководниот биодиверзитет во реките.

„Кога тоа се прави во заштитено подрачје, каде бројот и вредноста на ендемични или загрозени видови е уште поголемо, штетата е неизмерно пострашна. Но, малите хидроелектрани се појавуваат поради субвенциите од државата, кои стимулираат нивна градба буквално на секоја помала река или поточе. Дополнително на тоа, малите хидроелектрани се предмет само на еколошки елаборат согласно нашиот закон и добиваат одобрение без одржување јавна расправа, што ги остава локалните заедници без право на глас, а подоцна, како што сме увиделе и без вода за пиење“, нагласуваат од „Еко свест“.

Одбраната на Шара од малите хидроцентрали од неодамна ја поддржува и граѓанската иницијатива „Зелен фронт против изградба на мали хидроцентрали“. Тие изминатиот викенд се приклучија на акцијата на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово за чистење на еден од најубавите предели на планината, Лешница, кој е исто така под закана од изградба на ваков енергетски објект.

Тие собраа поголема количина отпад, но и симболично порачаа дека тука не треба да има мала хидроцентрала.

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ