• Latest

Потпишан Кодексот за етичко однесување на функционерите, Љупчо Николовски назначен за одговорен за негово спроведување

September 29, 2020

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потпишан Кодексот за етичко однесување на функционерите, Љупчо Николовски назначен за одговорен за негово спроведување

September 29, 2020 13:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Владата денеска го потпишаа Кодексот за етичко однесување на функционерите, со кој сите заменици министри, директори и јавни функционери именувани од Владата се обврзуваат дека го прифаќаат Кодексот, заради обезбедување почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста и транспарентноста на Владата и на сите владини институции.

Премиерот Зоран Заев на денешната владина седница истакна дека потписот е нивна согласност дека ги прифаќаат сите највисоки етички принципи за заштита на човековите права и слободи при, вршење на нивните функции и должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија.

„Ќе ја оствариме неговата цел за јакнење на интегритетот на Владата, министерствата и другите органи на државната управа, како и на другите институции основани од Владата за да ја јакнеме доверата на граѓаните во нивната работа. Прифаќањето на кодексот е гаранција за граѓаните дека секој од нас ќе го даде својот личен придонес за издигнување на важноста на однесувањето на носителите на јавни функции, придружувајќи се до принципите на добро управување на највисоко политичко ниво“, истакна Заев.

Заев додаде дека со донесувањето на новиот Кодекс за етичко однесување и со прифаќањата на неговите одредби се исполнува и препораката на Греко за практично спроведување на Кодексот и насоките преку посебен механизам, воведување на мерки за санкции и започнување на системско подигање на на свеста за добро управување на лицата кои вршат највисоки извршни функции.

„Обврска на сите нас е преку нашето однесување постојано и секојдневно да се докажуваме дека го остваруваме јавниот интерес и општото добро и дека тоа го правиме исполнувајќи ги стандардите кои граѓаните ги очекуваат од нас. Кодексот е обврска да го практикуваме она што го говориме и јас искрено очекувам тоа најискрено и целосно тоа да го прави овој состав на оваа Влада“, истакна Заев.

Како одговорен за следење на спроведување е назначен Љупчо Николовски, заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки развој.

Николовски истакна дека новиот Кодекст не ги опфаќа само членовите на Владата и министрите туку и сите други функционери именувани и назначени од Владата, вклучувајќи директори на самостојни органи, директори и членови на одбори на јавни претпријатија, раководни лица во акционерски друштва во државна сопственост и сите останати именувани и назначени лица од Владата.

„Основната намена на Кодексот е обезбедување на отчетност и транспарентно работење на функционерите од целата извршна власт, односно градење на системот на интегритет и на добро владеење и управување. Во Кодексот се се пропишани основните принципи на однесување на носителите на јавни функции, но има и конкретни обврски за секој од нас“, истакна Николовски.

На секои шест месеци секој функционер доставува извештај за трошоците направени при извршувањето на неговите и нејзините јавни овластувања, истите ќе продолжат да се објавуваат на владината алатка за отчетност која ќе биде надградена за да ги опфати сите функционери, извршни позиции именувани од Владата согласно новиот Кодекс. Функционерите треба да ги објавуваат и сите податоци за својата работа, работата на институцијата на веб страницата, односно сите извештаи за работење, планови, ревизорски извештаи, списоци, листи на вработени, завршни сметки и останати документи.

„Сè што е од интерес на граѓаните кога станува збор за работење на институциите, финансирани од Буџетот. Доколку истото не се оствари се одговара согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер но и се носи одговорност и пред самата Владата. Во спроведување на Кодексот ќе биде ангажиран за прв пат со засилени капацитети национален координатор за одговорно владеење и за транспарентност, како задолжен член на Владата за спроведување на Кодексот истиот дозволува да се изракуваат соодветни опомени односно санкции во случај на непочитување на одредбите од Кодексот а врз основа на мислење претседателот на Владата може да одлучи да примени некои од следните мерки:  изразување на несогласување, односно официјална критика за за однесувањето на лицето кое не го почитувало овој Кодекс и укажување да го поправи своето однесување при што истото може и јавно да биде објавено, политичка одговорност односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршната функција или предлог од премиерот за негово разрешување или покренување на иницијатива за информирање на надлежните институции и останати постапки“, истакна Николовски.

Според него, со овој Кодекст се отвора патот за градење на интегритет и добро управување, се сублимираат сите значајни правила на однесување и се олеснува одговорност. Нема да се толерира нетранспарентното работење и неодговорноста кон граѓаните.

А. П.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ