• Latest

Првата меѓувладина конференција се очекува да се одржи до крајот на годината

September 30, 2020

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Првата меѓувладина конференција се очекува да се одржи до крајот на годината

September 30, 2020 09:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По позитивните пораки, што ги доби министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел, упатената надеж за скорешно отворање на преговорите од страна на новиот евроамбасадор во земјава Дејвид Гир, како и по поддршката за европските перспективи на РСМ, искажани во писмото на високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел, упатено до вицепремиерот задолжен за европски интеграции Никола Димитров, се очекува скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, со која ќе се означи стартот на преговорите со Европската Унија, пренесува МИА.

Продлабочувањето на билатералните односи се меѓу главните чекори на патот на Северна Македонија кон Унијата. Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство се оценети како позитивни примери, а како што најави Османи ќе следи и интензивирање на контактите со Софија со цел да се надминат проблемите.

Гир, во интервјуто за МИА изрази надеж дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро.

– Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, нагласи тој.

Гир ги оцени Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија како позитивни примери не само во регионот, туку и пошироко.

– Многу е важно да се продолжи со имплементација овие билатерални договори во добра атмосфера, потенцираше новиот евроамбасадор.

Борел, во писмото упатено до Димитров, истакна дека со нетрпение го очекува усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

– Бидете уверени во мојата лична посветеност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ,  посочи Борел.

Тој нагласи дека Западниот Балкан е дел од Европа и знам, како што наведе, дека ја споделувате мојата решителност да ја видам Северна Македонија, како и регионот во целина, како напредува во остварувањето на европската перспектива.

Османи оствари дводневна посета на Брисел, каде се сретна со Борел, потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија како и за конференција за иднината на Европа, Дубравка Шуица, еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, како и со високи официјални претставници на Европскиот парламент и европарламентарци.

Тој, при посетата од сите европратениците добил охрабрувачки пораки дека Северна Македонија треба да започне со преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа година, како што планира германското претседателство.

Од Европскиот Парламент се заложиле да помогнат Северна Македонија да ги започне преговорите до крајот на оваа година. Истакнале и дека земјата треба да продолжи со реформите, а најавиле и продолжување на дијалогот „Жан Моне“ за олеснување на политичкиот дијалог помеѓу партиите во Собранието.

На состанокот со Борел, на Османи му била упатена порака дека се очекува од македонската влада да продолжи да ги исполнува реформите за членство во ЕУ,  да ја одржи и забрза имплементацијата на реформите поврзани за ЕУ, особено во однос на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал како и натамошното зајакнување на добрососедските односи.

Министерот за надворешни работи најави и интензивирање на контактите со Бугарија со цел да се решат проблемите, а во однос на Мултидисциплинарната комисија за историски и образовни прашања, заклучи дека треба да ја продолжат својата работа во насока на постигнување напредок.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ