• Latest

Превод на македонски јазик за прв пат на прес конференција на Европската Комисија

October 6, 2020
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Превод на македонски јазик за прв пат на прес конференција на Европската Комисија

October 6, 2020 17:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Презентација на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по прв пат ќе добие официјален превод на локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ќе ги презентира извештаите на прес конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути, јави МИА од Брисел.

Како што информираше Европската Комисија, оваа прес конференција ќе може да биде проследена со превод на секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик.

Ова е прв пат Европската Комисија да обезбеди превод во други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес конференција.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција  изјави дека очекува Извештајот на ЕК  да го нотира прогресот на земјата остварен во сите сфери, а политика на Владата во овој мандат ќе биде имплементација на донесените закони и забрзано спроведување на реформите, со акцент во делот на владеење на правото.

„Очекувам дека ЕК ќе го нотира прогресот постигнат во сите сфери кои што се дел од европскиот пат на земјата, пред се, во делот на владеењето на правото. И тоа не со акцент во носењето на нови закони, на кој беше посветен првиот дел од мандат во линија на принципите на ЕУ. Вториот дел од мандатот, односно овој мандат треба да биде на имплементација, имплементација имплементација. И тоа ќе биде нашата политика по однос на спроведувањето на реформите преку конкретен список на постигнувања кои произлегуваат како резултат на таа нова клима“, рече Османи.

Очекува и вреднување на улогата на државата во услови на пандемија, каде одржување на избори без функционален парламент и при постоење на техничка влада, вели, беше сериозен тест за демократските институции на земјава и пред граѓаните но и пред ЕУ.

„Начинот на кој се менаџираше пандемијата,  начинот на кој се организира избори во услови на немање парламент беше положување на сериозен тест за државата и тоа очекувам да го има во Извештајот“, рече Османи.

Според него покрај пакетот за проширување важен е и Економско-инвестицискиот пакет вреден околу 9 милијарди евра за Западен Балкан, кој ќе биде презентиран во Брисел од Вархеји, а кој треба да даде импулс во економскиот развој на земјите но и во конверегенција на еномиите од регионот во смисла на создавање заеднички пазар во интерес на сите. Средствата ќе бидат  дел во форма на грантови, а дел кредити.

На новинарско прашање Османи истакна дека очекува акцентот во Извештајот да биде ставен на реформите во владеењето на правото, односно забрзување на нивното спроведување, за што веќе разговарале со Вархеји минатата недела за време на посетата на  Брисел.

„Ние веќе како Влада спремаме нов акционен план бидејќи се покажаа како успешни инструменти за насочување на општетствената енергија во постигнување на конкретни резултати. Владеењето на правото ќе биде една од првите поглавја во тој акционен план кој треба да го донесе Владата, но и сите наши други обврски во смисла на зајакнување на капацитетот на демократските институции, но и на нормално функционирање на општретството во целина“, вели Османи.

Во однос на конастатираните слабости во Извештајот за напредокот на земјата, шефот на дипломатијата остави прво и официјално ЕК да го презентира Извештајот за земјата, но нагласи дека тие ќе бидат серозоно земени предвид и на нив ќе се работи согласно акциските планови на Владата.

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ