• Latest

Маричиќ: Позитивните оценки од Извештајот на ЕК да ги користиме како мотивација да направиме уште повеќе

October 8, 2020
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

August 4, 2025

Десет дена и илјада потписи за Зелен Хуман Град да стане политичка партија

August 4, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Главната порака ќе им ја испратиме во октомври – им порачаа граѓаните на властите

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Позитивните оценки од Извештајот на ЕК да ги користиме како мотивација да направиме уште повеќе

October 8, 2020 12:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес конференција изјави дека последниот извештај на Европската Комисија, за предокот на Република Северна Македонија, претставува најсилен доказ за посветеноста на Владата да ја трансформира државата по европски терк и да овозможи еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законот.

„Во извештајот ни дадоа признание за добриот напредок на реформите во правосудството, како и во борбата против корупцијата. Воедно и се констатира усогласеност на законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мера. Зголемени се напорите на нашата земја и остварени се видливи резултати како во судството, така и во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, изјави Маричиќ.

Во извештајот на ЕУ се потенцира дека како резултат на реформските напори во последниве години, Северна Македонија воспоставила механизми за обезбедување независност и одговорност на судството, како што се правила за именување засновани на врз основа на заслуги, проверка на имотот и судир на интереси, како и дисциплински постапки.

„Воедно, во извештајот се оддава признание за добриот напредок на имплементацијата на стратегијата за реформи во судството, во која се адресирани итните реформски приоритети во извештајот на Прибе, како и препораките од Венецијанската комисија. Европската комисија има и пофални зборови за проактивната улога на судскиот совет, особено во делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдувањето на дисциплинска одговорност и разрешување на судиите. Како успех се забележува и усвојувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, Законот за Јавно обвинителство кој беше донесен со дво третинско мнозинство, и продолжувањето на постапките на СЈО преку кои ќе се утврди одговорност за слосторствата кои произлегуваат од и околу незаконското прислушкување“, истакна Маричиќ.

Тој додава дека со извештајот се испраќа порака дека ни се потребни повисоки стандарди на однесување, а дека законите ни требаат и во пракса, а не само на хартија.

„Мислам дека овие позитивни оценки треба да ги искористиме како мотивација да направиме уште повеќе и да работиме уште подобро. Главните препораки во правосудството за наредниот период кој доаѓа, пред сè се однесуваат на следните точки: конзистентна имплементација на стратегијата за реформи за правосудството и демонстрација на цврста посветеност на независноста на судството, заштитувајќи го од каков било ризик од политички влијанија вклучително и со употребата на достапни механизми за проверка на професионалноста и интегритет на судиите и обвинителите. Финализирање и започнување со имплементација на стратегиите за човечки ресурси, за судството и јавното обвинителство и подобрување на акми системот со цел да се обезбеди негова цела функционалност и сигурност“, додаде Маричиќ.

Тој додаде дека треба да се продолжи со имплементација на новата законска рамка поврзана со реформата на судскиот совет и советот на јавни обвинители, како и новиот закон за Јавно обвинителство.

„Одредено ниво на подготвеност се забележува и во делот на превенцијата и борбата против корупцијата, посебно Европската комисија ја поздравува проактивноста на ДКСК, особено во безкомпромисноста во борбата против корупцијата и отворањето на голем број на случаи, вклучително и оние кои опфаќаат високи функционери од целиот политички спектар без разлика на припадност“, истакна министерот.

Тој додава дека во делот на борбата против корупцијата клучните препораки на ЕК за наредниот период се имплементација на новата законска регулатива, со која се префрлаат некои од надлежностите на поранешното СЈО во ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, и регулирање на статусот на прислушуваните материјали, и дека утврдувањето на одговорноста за кривичните дела кои произлегуваат од прислушувањето ќе продолжи и ќе добие конечно своја судска разрешница.

„Да покажеме повеќе опипливи резултати во борбата против криминалот, односно да се зголеми бројот или досието со конечни пресуди за случаи на корупција на високо ниво, вклучително и со понатамошна конфискација на имот кој е стекнат со криминал. ЕК ни препорачува демонстрирање на политичка волја за борба против корупцијата преку поддршка на релевантните тела со натамошни финансиски и човечки ресурси и преку обезбедување на јасни политички упатства за сите државни институции за тоа како да се справат со корупцијата во согласност со препораките на ДКСК. Препораките на ЕК во однос на заштита на човековите права се во насока на тоа дека треба повеќе да се посветиме на обезбедување на создавање на повисоки стандарди и подобрување на условите во затворскиот систем, како и на исполнување на препораките на Комитетот за заштита од тортура на Советот на Европа“, истакна Маричиќ.

Маричиќ додаде дека е забележан одреден прогрес и во имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, во однос на изборниот законик, и дека се нотира дека треба во еден инклузивен процес во наредниот период да направат дополнително усогласување со сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и со Венецијанската комисија.

„Наш приоритет, како за почеток на преговорите така и за целиот тек, ќе биде изградба на транспарентни, ефикасни, независни и непристрасни правосудни институции базирани на принципот на владеењето на правото и заштита на човековите права. Остануваме на заложбата како Влада и Министерство за правда сите реформски процеси од поглавјето 23, правосудство и фундаментални права, да се прават во блиска координација и партнерство со ЕУ, и под лупата на нашите соработници и пријатели во Брисел“, додаде Маричиќ.

Според Маричиќ, со овој извештај и со отворањето на преговорите до крајот на годината, имаме добра стартна позиција и дека следува период на транформација и европеизација, во која секој граѓанин треба да чувствува видлива и опиплива промена, повисоки стандарди и подобри услуги од институциите, пофункционален систем, еднаквост пред законот и заштита на своите права.

„Со поддршка на ЕУ, Северна македонија може да стане подобро место за живеење и ве уверувам дека ќе направиме сè да ги исполните овие промени и да ја донесеме долгоочекуваната промена по која нашата земја ќе треба да биде полноправна членка“, истакна Маричиќ.

А. П.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ