• Latest

МЗ: Северна Македонија рангирана меѓу првите три држави во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца

October 9, 2020
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МЗ: Северна Македонија рангирана меѓу првите три држави во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца

October 9, 2020 12:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство соопшти дека според најновиот извештај на УНИЦЕФ, Северна Македонија е меѓу првите три држави во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца во периодот меѓу 2000 и 2019 година.

Анализата на податоците, како што се посочува, покажува дека стапката на мртвородени деца во државава се намалила од 10,8 мртвородени, на вкупно 1.000 раѓања во 2000 година, на 6,2 во 2009 година и на 4,1 во 2019 година.

-Овој значаен напредок е резултат на континуираната соработка на Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, УНИЦЕФ, УНФПА и Светската здравствена организација во изминатите три години, со што се овозможи значително унапредување на перинаталната грижа. Значаен придонес кон овој успех има и Комитетот за безбедно мајчинство во нашата земја. Според извештајот на УНИЦЕФ, нашата земја покажува најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд, информираат од Министерството за здравсрво.

Изминатиот период, како што нагласуваат, токму во оваа сфера беа реализирани конкретни мерки за подобрување на условите во родилиштата во земјава, подобрување на системите за транспорт и обезбедување пристап и брз трансфер до одделенијата за неонатална интензивна нега во случај на компликации. Воедно е изработен и генерален (мастер) план за перинатална грижа до 2030 година, кој опфаќа планови за натамошно зајакнување на здравствениот систем и обезбедување најсовремени услуги за бремените жени и новороденчињата.

Од ресорното Министерство потенцираат дека се реализирани бројни инвестиции за зајакнување на капацитетите со нова медицинска опрема и набавка на инкубатори за интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство и во клиничките болници во Штип, Тетово и Битола, како и набавка на CTG-апарати, друга медицинска опрема и комплетно реновирање на гинеколошките сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир. Воедно се унапредени условите за лекување и третман во поголем број гинеколошките одделенија низ државата.

-За унапредување на перинаталната грижа придонесе и активното функционирање на Комитетот за безбедно мајчинство во рамки на Министерството за здравство, под раководство на д-р Ана Данева-Маркова, кој го сочинуваат врвни експерти со долгогодишно искуство во областа на гинекологијата, акушерството, неонатологијата, педијатријата и сродни дисциплини, со цел координиран пристап во унапредување на здравјето на мајките и децата, стои во соопштението.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ