поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Тој што Трајко Вељановски го спаси од притвор, вчера се обиде да го спаси и од затвор. Сведочи Талат на суд дека Трајко не можел да ги прекине бескрајните дискусии и реплики на пратениците на ВМРО, со очигледна цел да го спречат конституирањето на Собранието и, ако треба, да се направи и пуч, кој за малку, не без сериозни последици, не успеа.
*
Дефинитивно од Груби дознавме кои се “столбот на новата влада” и дека Првиот заменик премиер ќе се грижи за “одржливоста на владата и за кохезијата на општеството”. Од него исто така дознаваме дека ова добро се дочекува во владата, како и од меѓународната заедница.