• Latest

„За“ и „против“ онлајн работата на Собранието

October 14, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„За“ и „против“ онлајн работата на Собранието

October 14, 2020 09:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По трите потврдени случаи на пратеници активни на вирусот Ковид-19, се интензивираа дебатите околу можноста за заседавање на Собранието преку онлајн апликации. Владејачкото мнозинство предлага промена на Деловникот за да се овозможи работа на далечина за пратениците кои имаат решение за изолација, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации.

Прашањето за онлајн работа на пратениците се актуелизира вчера откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека пратеничка од редовите на оваа партија е позитивна на Ковид-19. Таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, а две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието.

Претходните денови беше објавено дека позитивни на тестот за Ковид-19 биле и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Таневски се тестирал бидејќи сакал да патува во странство, а Јахоски имал симптоми на Ковид-19 и беше хоспитализиран.

По направените епидемиолошки анкети, од Центарот за јавно здравје информираа дека нема потреба од изолација на други пратеници, бидејќи мерките во Собранието се почитувале.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески вчера соопшти дека на координативна средба во Собранието ја објаснил потребата од промена на собранискиот Деловник, со цел воведување работа на далечина само за пратеници кои имаат решение за изолација.

– Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, присуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн, изјави Митрески.

Според него, вакви примери на комбинирано работење на парламентите има низ целиот свет, па во време на сериозни предизвици, потребни се институции со целосен капацитет, вклучително и Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.

– Пратениците треба да им служат на граѓаните во секакви околности, вклучувајќи ја и панемијата, рече Митрески.

Од друга страна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пренесувајќи го ставот на неговата пратеничка група, изјави дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации, бидејќи според него, постои јасна уставна норма во Членот 69, која налага присуство на собраниските седници на мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Според Милошоски, работа од далечина би била можна доколку во Уставот пишувало „учество“, а не „присуство“ на седницата, како што е утврдено и со Деловникот во членот 29 во којшто се наведува дека пратеникот има право и должност да „присуствува на седниците“ на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.

– Од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат својата плата, потенцира Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Осврнувајќи се на ставот на владејачкото мнозинство за потреба од ефикасни институции, Милошоски нагласи дека за такво нешто е потребна соработка на власта со сите други пратенички групи и „уважување на нивните ставови и мислења кога се работи од интерес на граѓаните“.

Според него, со онлајн собраниски седници се ризикува „политичка криза во Собранието, дополнително се воведува уште една правна несигурност“ и сите закони усвоени на овој начин „порано или подоцна може да паднат на Уставен суд“.

Меѓутоа, според координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити во Деловникот стои „присуство“ и со измените сака да се направи дека присуството може да е физичко или пак онлајн.

Да не ги измачуваме тие што се пациенти во моментот, да не ги носиме, со посебен третман, па да ризикуваме… Не сакаме да дојдеме во ситуација да блокираме битни процеси, изјави Меџити.

Според него, можно е во следниот период да се зголеми бројот на пратеници инфицирани со Ковид-19, па затоа не смее да се дозволи блокада на сите процеси.

– Затоа како владејачки парии сакаме само да одиме на прецизирање. Не се работи за некоја голема промена, туку само за прецизирање што сфаќаме под зборот присуство, дали само физичко присуство или и онлајн присуство, рече Меџити.

Координатор на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи смета дека со одржување онлајн седници може да дојде до злоупотреба на правата на пратениците инфицирани со коронавирусот, потенцирајќи дека во Собранието има доволно услови и се што е потребно е добра комуникација помеѓу власта и опозицијата.

– Може ли некој во таква здравствена состојба да се вклучи онлајн, ако е на респиратор поставен и целата јавност да го гледа него како тој се вклучува во Собрание. Тоа е тешка злоупотреба на граѓанските и здравствените права. Собранието има доволно услови, се што треба е добра координација меѓу опозицијата и власта, рече Реџепи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште претходно најави дека „нема да и прават кворум на власта“, а прашање е дали во Собранието ќе присуствуваат пратеници од Алијансата на Албанците и Алтернатива.

Собраниски извори брифираат дека претседателот на Парламентот нема да откаже ниту една седница се додека може да се соберат доволен број пратеници за работа на Собранието, односно кворум од најмалку 61 пратеник, без разлика дали тие се од власта или од опозицијата. Од таму потенцираат дека опозицијата треба да има предвид дека ова се специфични услови за работа и дека треба да преземе одговорност и да придонесе за функционалноста на институцијата. Во однос на гласањето за точките на дневен ред, велат дека демократски е секој да се изјасни онака како што смета, но дека во случајов опозициските пратеници и од македонскиот и од албанскиот блок треба да учествуваат во работата на Собранието.

Владејачкото мнозинство во Собранието брои 62 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и коалициските партнери, а опозицијата 58 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата и Алијанса на Албанците и Алтернатива.

На оваа тема денеска пишува и Сашо Орданоски во колумната „Инаетот не е политичка стратегија“.

-Додека Илон Маск напреднато развива програма за колонизирање на Марс веќе за оваа генерација Земјани, нашите собраниски расправии се како во средниот век. Врвното тело во државата кое ги крои или одобрува политиките за што поголем број граѓани да можат да работат од дома, ќе се туфка со месеци дали пратениците се Вонземјани кои мораат да креваат рака за да се јават за дискусија и да гласаат за предложените закони само со физичко присуство на заседанијата. Еден превеан демагог дури вика и дека ако не се смени Уставот, може сите онлајн дебатирани и изгласани закони, во иднина – кога тие ќе дојдат на власт, разбира се – да се прогласат за неважечки!, вели Орданоски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ